1347 Органска крема за нега на тетоважа

Органска крема за интензивна нега при заздравување на тетоважи, рани, лузни и воспаленија на кожата.

590.00 ден

Опис

СМИЛ

Смилот е состојка која е многу корисна за кожата. Познат како цвет кој не венее, тој помага во процесот на природна регнерација на кожата, но и во процесот на заздравување на изгореници и инфекции. По негова континуирана употреба, смилот ја враќа еластичноста на кожата и има огромен хранлив ефект. Поради сите овие ефекти, но и поради неговото противвоспалително дејство, смилот е една од состојките во овој коктел од природни состојки за заздравување на кожата при тетовирање.

ЛАВАНДА

Лавандата е уште една листата на антивоспалителни состојки со многу лековити својства. Од многу одамна се користи за третирани разни кожни заболувања, но и како анитсептик за изгореници и други повреди на кожата. Со своето моќно средство за дезинфекција, одлично влијае врз смирување на црвенило и воспаленија, правејќи регенерација на кожата за краток временски период. На тој начин, лавандата значително помага во процесот на заздравување на тетоважи.

КАНТАРИОН

Маслото од кантарион е далеку познато по своите многубројни квалитети. Се користи за нега на сува и оштетена кожа, ја штити истата од воспаленија и влијае врз ублажување на изгореници. Во составот на ова масло има голема количина на хиперцин што го прави совршено за подобрување на покривноста на кожата и нејзина регенрација. Земајќи го тоа предвид, маслото од кантарион – заедно со другите внимателно избрани состојки – е неопходно во процесот на заздравување на тетоважи.

 

Информации за испорака

Скопје
Испораката е бесплатна за сите нарачки над 1500 денари. За нарачки под 1500 денари, испораката се наплаќа 110 денари. Време на испорака: 2-15 дена во зависност од производот.

Останати градови во државата
Испораката се наплаќа 150 денари. Време на испорака: 2-20 дена во зависност од производот.