Купи!

BAD BUNNY Лента за гради + 10 пара двострани лепенки

Една лента е широка 7.5цм и долга 5 метри. Просечно може да се употреби за 15 стилови.

Original price was: 1,480.00 ден.Current price is: 1,190.00 ден.

Категории , ,

Опис

BadBunny лентите за гради се подобро решение од било кој градник бидејќи одговараат на секого и се комбинираат со се. Носете смело длабоко деколте без да се плашите дека нешто ќе се ѕирне, уживајте во outfit со отворен грб без да ви се гледаат прерамки, носете фустан/блузичка со отворени рамена и било што друго и да посакате! Чуствувајте се слободно и конфорно во својот стил.

Една лента е широка 7.5цм и долга 5 метри. Просечно може да се употреби за 15 стилови.

Лепакот е цврст, држи дури до 12 часа. Изработена 99% од памук и 1% спандекс што ја прави еластична, хипоалергена и пропустлива на воздух – кожата слободно дише. BadBunny лентите се исто така водоотпорни.

10 пара двострани лепенки

Бидете самоуверени и неодоливи во секоја модна комбинација! BadBunny двостраните лепенки ја гарантираат вашата самодоверба со тоа што држат се во ред и на свое место!

Решение на секојдневен проблем

Многу кул парчиња облека, а и фустаните кои ги носиме за свадба и слична прослава знаат да бидат незгодни. Нешто ќе се ѕирне, отвори, помести.. па цело време сме во грч. BadBunny има решение за овој проблем. Од сега, секоја прерамка, отвор од облеката, шлиц, деколте и што и да е, ќе си стои на место!

Карактеристики

  • Јак лепак: Високо квалитетни, ако добро ги залепите издржуваат со часови без да ја оштетат облеката.
  • Широка примена: Залепете го градникот за облеката, или облеката за кожа, горниот слој за облека на долниот итн.
  • Невидливи: Потполно транспаренти, никој нема да ја примети оваа мала тајна која прави се да стои на свое место.
  • Лесни за употреба: Подготвени сте само за неколку минути!
  • Хипоалергени: Изработени од skin-friendly материјали, нашите лепенки се отстрануваат лесно и безболно доколу го користите BadBunny маслото за отстранување.

Начин на употреба:

  1. Бидете сигурни дека кожата е чиста и сува, без присуство на лосиони, креми, масла.
  2. Исечете парче со должина по потреба за пригодата.
  3. Одлепете го задниот дел и залепете.
  4. Откако ќе залепите, отстранете го и другиот дел и залепете ја облеката која сакате да ја зацврстите. Силно притиснете за да бидете сигурни дека убаво е залепено.