BIOVENE BARCELONA Биоразградлива хидратантна органска маска од јагода за хидратантна бариера
245.00 ден
Опис
Маска со ретинол за надополнување на влажноста на кожата, за засилување на хидро бариерата + органска јагода која ја затегнува кожата, навлажнува и инстантно ја хидрира.
Одговорно произведен во Европа со биоразградлив лист Tencel – Cupra кој овозможува оптимална контрола на влагата со свиленкасто – мазно чувство.
КАРАКТЕРИСТИКИ НА ПРОИЗВОДОТ:
ЗАТЕГНУВА: Ја оживува кожата и ја подобрува нејзината текстура – за цврст, затегнат и помлад изглед.
ВЛАЖНОСТ: Ја запечатува влагата за да изгради заштитна бариера на кожата и да спречи губење на вода, што овозможува мека и мазна кожа. ПРИХРАНУВА: Регенерација и зајакнување на природната заштитна бариера за да се избегне дехидрација.
ХИДРАТИРА: Одржува хидратација подолг период, се бори против сувост и дехидрацијата, предвременото стареење и спречува оштетување од негативните влијанија од околината.
ЗАЦВРСТУВА: Ја подобрува цврстината и еластичноста на сите типови кожа.
ВЕГАН * Произведен во Европа * Не е тестиран на животни * Дерматолошки тестиран * Погоден за сите типови кожа; совршен за нормална, комбинирана и мрсна кожа.
Посветеност на Clean Beauty со одговорни извори и формулиран без специфични состојки за кои се знае или постои сомневање дека се потенцијално штетни за здравјето на луѓето и/или животната средина
Формулиран без: парабени, пластични микромонисти, сулфати SLS (натриум лаурил сулфат) и SLES, формалдехиди, фталати, минерално масло, оксибензон, хидрохинон, триклосан, триклокарбан.
СОСТОЈКИ НА ПРОИЗВОДОТ:
Клиничка формулација направена со функционални и природни состојки што ги сакате и без оние што можеби не ги сакате.
ЛУБЕНИЦА: Лубеницата е богата со антиоксиданси и витамини А, Ц и Е, а сите тие придонесуваат за хидратација на кожата и стимулација на колагенот.
Антиоксидансите помагаат во борбата против оштетувањето на слободните радикали и ја подобруваат еластичноста за да помогнат во намалувањето на појавата на фини линии и брчки и да се промовира поцврста кожа.
РЕТИНОЛ: Помага во намалување на видливоста на фините линии и брчки, за младешки изглед преку стимулирање на производството на колаген, минимизирање на акните, ја подобрува бојата на кожата и ги осветлува темните старечки дамки.
ЗЕЛЕН ЧАЈ: Антивоспалителни својства кои помагаат да се намали иритацијата на кожата, црвенилото и отокот.
НИАЦИНАМИД: Познат и како витамин Б3, растворлив во вода, докажано помага видливо да се минимизираат и затегнат проширените пори, да ја подобри состојбата на нерамната кожа, да ја намали појавата на фини линии и брчки, да ја освежи уморната кожа и да ја зајакне површината на кожата.
НАЧИН НА УПОТРЕБА:
Внимателно одвиткајте ја маската.
Нанесете ја маската на чиста, сува кожа.
Оставете да делува седум минути.
Отстранете ја маската и нежно масирајте ги преостанатите состојки во кожата. Нема потреба да се плакне. Користете двапати неделно.
СОСТОЈКИ / INCI:
AQUA, PEG-40 HYDROGENATED CASTOR OIL, GLYCERIN, RETINYL PALMITATE, FRAGARIA ANANASSA FRUIT EXTRACT, CAMELLIA SINENSIS LEAF EXTRACT, NIACINAMIDE, HELIANTHUS ANNUUS SEED OIL, TOCOPHEROL, PPG-1-PEG-9 LAURYL GLYCOL ETHER, PHENOXYETHANOL, CARBOMER, TRIETHANOLAMINE, PARFUM, CITRIC ACID, SODIUM BENZOATE, POTASSIUM SORBATE.
Информации за испорака
Скопје
Испораката е бесплатна за сите нарачки над 1500 денари. За нарачки под 1500 денари, испораката се наплаќа 110 денари. Време на испорака: 2-15 дена во зависност од производот.
Останати градови во државата
Испораката се наплаќа 150 денари. Време на испорака: 2-20 дена во зависност од производот.