BIOVENE BARCELONA Серум за хидро третман на лице со 20% хијалуронска киселина + органски боровинки -10 мл.

465.00 ден

Категории: , ,

Опис

Хидратантен серум за лице за “гасење на жедта” со ултра – хидратантна хијалуронска киселина и органски боровинки погоден за уморна, дехидрирана и/или сува кожа, која веќе ги покажува првите знаци на стареење.

КАРАКТЕРИСТИКИ НА ПРОИЗВОДОТ:
20% комплекс на хијалуронска киселина + органска боровинка – комбинација која интензивно хидрира.
Ја запечатува влагата во внатрешноста на кожата.
Ја враќа / засилува заштитната бариера на кожата.
Ја затегнува кожата и овозможува да се добие помлад  изглед.

97% природни состојки * Веган *Произведен во Европа * Не е тестиран на животни * Дерматолошки тестиран * Погоден за сите типови кожа; совршен за нормална, комбинирана и мрсна кожа.

Посветеност на Clean Beauty со одговорни извори и формулирана без специфични состојки за кои се знае или постои сомневање дека се потенцијално штетни за здравјето на луѓето и/или животната средина.

Формулиран без: парабени, пластични микромонисти, сулфати SLS (натриум лаурил сулфат) и SLES, формалдехиди, фталати, минерално масло, оксибензон, хидрохинон, триклосан, триклокарбан.

СОСТОЈКИ НА ПРОИЗВОДОТ:
Клиничка формулација направена со функционални и природни состојки што ги сакате и без оние што можеби не ги сакате.
Дерматолошки тестиран.
Погоден за сите типови кожа.

ХИЈАЛУРОНСКА КИСЕЛИНА: Моќна состојка што ја врзува влагата која може да држи до 1000 пати тежина во вода, докажано ја хидрира кожата, ја задржува влажноста и го спречува губењето на влагата, ја намалува појавата на фини-мимични линии и брчки.
АЛОЕ ВЕРА: Со разладни и антиинфламаторни својства, помага да се задржи влажноста со заштитен слој за кожата.                                                                                                                    ДИВА БОРОВИНКА: Боровинките се еден од најбогатите извори на антоцијанин меѓу обичните овошја. Ова соединение помага да се поддржи производството на колаген во кожата.

Истражувањата покажуваат дека примената на антоцијанин на кожата го намалува/успорува разградувањето на колагенот, а истовремено го зголемува производството на колаген.

НАЧИН НА УПОТРЕБА:
1: Измијте го лицето со чиста влажна крпа со нежно средство за чистење на лице и топла вода.
2: Нанесете го серумот на лицето со врвовите на прстите.
3: Нежно масирајте го серумот во кожата, до комплетно впивање.
4: Кога кожата е сува, нанесете ја омилената дневна или ноќна крема.
Користете двапати дневно: наутро и навечер. Вообичаено, се препорачува да се изврши тест за чувствителност пред да се вклучи нов производ во вашата рутина.

 

СОСТОЈКИ / INCI:
AQUA (WATER), GLYCERIN, ALOE BARBASDENSIS (ALOE VERA) LEAF JUICE, SODIUM HYALURONATE, VACCINIUM MYRTILLUS (BLUEBERRY) FRUIT EXTRACT, CAPRYLYL GLYCOL, 1,2-HEXANEDIOL, HYDROXYETHYLCELLULOSE, PPG-1-PEG-9 LAURYL GLYCOL ETHER, PHENOXYETHANOL, CITRIC ACID, SODIUM BENZOATE, POTASSIUM SORBATE.

Информации за испорака

Скопје
Испораката е бесплатна за сите нарачки над 1500 денари. За нарачки под 1500 денари, испораката се наплаќа 110 денари. Време на испорака: 2-15 дена во зависност од производот.

Останати градови во државата
Испораката се наплаќа 150 денари. Време на испорака: 2-20 дена во зависност од производот.