BOURJOIS Little Round Pot Руменило

525.00 ден

SKU: Недостапно Категорија:

Опис

Bourjois Little Round Pot руменилото ја одржува убавината на жената со генерации. Направено со ексклузивна технологија на печење, неговата неверојатно транспарентна и лесна текстура е лесна за нанесување, како и за совршено соединување со кожата. Направете еден потег со четката и откријте ја неодоливата арома на роза. Вграденото огледалце и четката се одлични за корекција секаде и во секое време! Доколку посакувате гламурозна боја, тогаш ова ултра фино камено руменило е неопходно во вашата торбичка со трикови за убавина. Насмевнете се, и нанесете го руменилото на јаболчиците со кружни движења, а потоа продолжете до слепоочниците. Ова руменило е достапно во голем број нијанси, од најтранспарентен бисерен ефект па се до суптилен мат финиш. Познати речиси 150 години, симпатичните Little Round Pot руменила од Bourjois, со генерации наназад се дел од козметичките несесери на жените со стил.

  • Камено руменило со ултра фина текстура, лесно за соединување.
  • Формулата со технологија на печење овозможува беспрекорно соединување со кожата.
  • Отпорно на кршење благодарение на процесот на производство.
  • Со прекрасна, сензуална арома на роза.
  • Пакувањето содржи вградено огледалцe и четка.

Информации за испорака

Скопје
Испораката е бесплатна за сите нарачки над 1500 денари. За нарачки под 1500 денари, испораката се наплаќа 110 денари. Време на испорака: 2-15 дена во зависност од производот.

Останати градови во државата
Испораката се наплаќа 150 денари. Време на испорака: 2-20 дена во зависност од производот.