Будење на свеста
Издавач: ПАБЛИШЕР
ISBN: 978-608-456-9893
Година на издавање: 2019
Број на страници: 205
Димензии: 140/210
Корица: мека
400.00 ден
Опис
Вистинскиот извор на страдањето во светот се стравот болката и незнаењето. Ова се случува кога не сме во допир со универзумот кога не сме во хармонија и баланс. Сè додека ја проектираме моќта надвор од себе и не сме во можност да ја препознаеме внатрешната моќ која вистински нè исцелува тогаш и го поддржуваме сето страдање кое му се случува на светот.
Потребно е да ја поттикнеме личната и духовна преобразба, да се ослободиме од товарот што го носиме во себе, да станеме свесни за своите програми и да работиме на нивно освестување, да се ослободиме од нив и да отвориме простор во срцето за љубов која целосно ќе нè исцели. Тоа нема секогаш да биде пријатно и лесно, но колку повеќе се исцелуваме толку и креативниот канал ќе ни биде почист и посјаен и ќе уживаме во неограниченото изобилие на универзумот. А како што ние ќе се исцелуваме, ќе се исцелува и целото човештво.
Ве повикуваме заедно да ја разработиме оваа идеја на Будење на свеста. Посакуваме секој да погледне во себе, да го пронајде својот копнеж, свесно да косоздава реалност каква што посакува и да биде љубов. Нашата желба за вас е со радост да ја прегрнете новата промена која е веќе присутна насекаде околу нас и да завладеат хармонија и љубов на нашата планета.
Информации за испорака
Скопје
Испораката е бесплатна за сите нарачки над 4000 денари. За нарачки под 4000 денари, испораката се наплаќа 150 денари.
Време на испорака: 2-15 дена во зависност од производот.
Останати градови во државата
Испораката се наплаќа 150 денари. Време на испорака: 2-20 дена во зависност од производот.