Cool Bottles The Bottle Sunshine Fiesta Шише
500 МЛ
1,850.00 ден
Опис
Sunshine Fiesta е дизајн кој шири вистинска позитивна енергија! Тропски овошја, сонца што те гледаат, пеперутки и шарени цвеќиња се мешаат во дезен што ги заробува сите погледи. Весело, смело и без правила. Како бескрајно попладне под сонцето, со вкус на одмор и желба за смеа. Нека започне фиестата!
Eddie Baehr е современ илустратор и дизајнер од Франција, познат по својот ведар и разигран ‘визуелен’ јазик. Неговото творештво е препознатливо по динамичните композиции, живите бои и хуморот што го внесува во секое дело. Еди успева да долови чиста радост и безгрижност, создавајќи светови полни со фантазија, симболи и неочекувани детали.
Инспириран од природата, поп културата и детската љубопитност, тој често комбинира тропски елементи, апстрактни форми и ликови со изрази кои „живеат“ на платното. Без разлика дали работи на модни дезени, пакувања, постери или канцелариски материјали, секој негов проект носи автентичност и нескротлива енергија.
Од неговото студио во срцето на Франција, Еди секојдневно создава нови универзуми каде боите говорат, формите танцуваат, а секој детал раскажува приказна.
- Triple Cool™ технологија: 36-часа ладно и 18 часа топло;
- Херметичко капаче отпорно на истекување;
- 18/8 не’рѓосувачки челик за храна;
- Целосно без БПА, фталати и токсини;
- Погодно и за газирани пијалоци;
- Не задржува или емитува никаков вкус или мирис;
- Без кондензација: нема да ви се потат на рацете;
- Дозволено е на Аеродромските контроли;
- Рачно перење на сите делови од производот.
- Висина 26,5 cm
- Дијаметар 7 cm
- Тежина 290 g








