COS DE BAHA Azelaic Acid 10% Серум
30мл
910.00 ден
Нема на залиха
Опис
Cos De BAHA Azelaic Acid 10% е серум со 10% азелаична киселина, ниацинамид, пантенол и хијалуронска киселина наменет за третман за намалување на лузни од акни, пигментација, цистични акни и црнки, како и намалување на црвенилото на лицето (розасцеа).
Азелаичната киселина овозможува побрзо обновување на кожата и делува антибактериски и поради тоа најчесто се користи во третман на акни, но е особено ефикасна и за пигментација, особено за пигментација и лузни од акни. Азелаичната кизелина се користи и во третманот на розасцеа.
Состав:
*Aloe Barbadensis Leaf Extract, Propylene Glycol, Azelaic Acid (10%),Polysorbate 20,1,2-Hexanediol,Propanediol,Panthenol,Niacinamide,Sodium Hyaluronate,*Hamamelis Virginiana(Witch Hazel) Leaf Ext,*Rosmarinus Officinalis (Rosemary) Ext,*Eucalyptus Globulus Leaf Ext,*Thymus Vulgaris (Thyme) Ext,*Aspalathus Linearis Ext.
*Mark: Organic Ingredients. Organic 50%
Како се користи:
На чисто и тонирано лице, ставете 1-2 капки и размачкајте или тапкајте. Продолжете со редовната нега. Користете наутро и навечер.
Секој функционален серум потенцијално може да предизвика реакција. Затоа пред употреба, тестирајте го производот и ставете мала количина на мал дел под брадата или пак идеално позади увото и почекајте 24 часа за да бидете сигурни дека производот нема да предизвика реакција.
Доколку имате сензитивна кожа измешајте го серумот со хидратантна крема или пак друг хидратантен серум и полека воведете го во рутината.
Информации за испорака
Скопје
Испораката е бесплатна за сите нарачки над 1500 денари. За нарачки под 1500 денари, испораката се наплаќа 110 денари. Време на испорака: 2-15 дена во зависност од производот.
Останати градови во државата
Испораката се наплаќа 150 денари. Време на испорака: 2-20 дена во зависност од производот.