COS DE BAHA Hydroquinone 2% Серум

30мл

920.00 ден

Нема на залиха

Категории: , ,

Опис

Cos De BAHA Hydroquinone 2% е серум со 2% хидрохинон, арбутин, ниацинамид, БХА, коична и млечна киселина наменет за интензивен третман на мелазма, флеки и други видови хиперпигментација.

Хидрохинонот ја белее кожата преку намалување на бројот на меланоцити (клетки кои произведуваат меланин). Во случај на хиперпигментација, во кожата е всушност присутно поголемо количество на меланин што е должи на зголемената активност на меланоцитите. Изедначување на тенот се овозможува со намалување и контрола на бројот на меланоцити, односно со употреба на хидрохинонот кој ја извршуваа оваа активност. Вообичаено, првите резултати се гледаат за околу 4 недели, но за целосен ефект потребно е продолжено но внимателно користење. Секогаш користете заштитен фактор кога го користите овој серум.

Серумот се користи максимум 60 дена (најдобро да се користи 30 дена), по што се прави пауза од минимум 30 дена. Доколку се користи повеќе од препорачано постои можност за трајна дисколорација на кожата. Во периодот кога не го користите серумот, користете наизменично Витамин Ц серум и АХА/БХА тонер или пак друг серум наменет за хиперпигментација, за да обезбедите дополнителна нега.

Овој серум може да ја промени бојата со тек на време, но тоа не значи дека му е намалена ефикасноста, можете слободно да го користите во максимално дозволениот период на користење и секако во рокот на траење означен на пакувањето.

Состав:

Aloe Barbadensis Leaf Extract, Propanediol, Arbutin, Niacinamide, Polysorbate 80, Hydroquinone, 1,2-Hexanediol, Sodium Hyaluronate, Salicylic Acid, Kojic Acid, Lactic Acid, Witch Hazel Leaf Extract, Rosemary Extract, Eucalyptus Globulus Leaf Extract, Thymus Vulgaris Extract, Aspalathus Linearis Extract

Како се користи:

Овој серум е потентен и треба да се користи внимателно. Започнете со користење 3 пати неделно и полека зголемувајте. Ставете 1-2 капки од серумот на чисто и тонирано лице, и размачкајте или тапкајте. Продолжете со редовната нега. Користете го серумот навечер. Користете го серумот максимум 60 последователни дена (најдобро 30) и потоа направете пауза од минимум 30 дена (најдобро 60). Преку ден задолжително користете заштитен фактор.

Секој функционален серум потенцијално може да предизвика реакција. Затоа пред употреба, тестирајте го производот и ставете мала количина на мал дел под брадата или пак идеално позади увото и почекајте 24 часа за да бидете сигурни дека производот нема да предизвика реакција. Доколку предизвика реакција, престанете да го користите.

Информации за испорака

Скопје
Испораката е бесплатна за сите нарачки над 4000 денари. За нарачки под 4000 денари, испораката се наплаќа 150 денари.
Време на испорака: 2-15 дена во зависност од производот.

Останати градови во државата
Испораката се наплаќа 150 денари. Време на испорака: 2-20 дена во зависност од производот.