IGNEA Fit Face pro age серум за лице

1,880.00 ден

Категории , ,

Опис

Fit Face серум за лице, очна регија, врат и деколте

Активен Pro Age серум со природна хијалуронска киселина, ресвератрол и екстракт од алга ламинарија. Формулиран е да обезбеди видлив pro age ефект преку синергија од длабинска хидратација, антиоксидативно дејство и релаксирачка ароматерапија.

Дејства и придобивки

  • Интензивна, длабока и долготрајна хидратација
  • Заштита од УВ зраци и дигитална светлина
  • Измазнувачки ефект и посвеж изглед
  • Зголемување на тонусот на кожата
  • Опуштање на згрчената мускулатура на лицето
  • Поттикнување на синтеза на колаген и еластин
  • Регенерација и поддршка на природниот имунитет на кожата

Идеален е за сите типови на кожа. Нежната, смирувачка формула ѝ дава на кожата здрав, измазнет и сјаен изглед.

Текстура: Лесна млечна емулзија

Мирис: освежителен и релаксирачки

Клучни активни компоненти

Природна хијалуронска киселина со двојни молекули – овозможува површинска и длабинска хидратација. Површинската хидратација дава т.н. „исполнувачки ефект”, a длабинската го зголемува тонусот. Визуелно кожата е со зголемен тонус и дава впечаток на измазнето лице.

Ресвератрол – моќен антиоксиданс кој го зголемува имунитетот на кожата, го изедначува тенот и ја штити кожата од стресорите од околината, особено УВ зраците и дигиталната светлина.

Алга Ламинарија  – ин виво студија – 80% од испитаниците наведуваат  видливо намалување на брчките

Арома терапија – ја опушта и релаксира мускулатурата на лицето. Кога мускулатурата е во грч се создаваат брчки. Така превенира и измазнува мимички брчки. Го подига расположението преку олфакторниот систем.

Начин на употреба и совет плус:

Наутро и навечер нанесете го серумот на измиено и исчистено лице. Нанесувајте го со кружни движења или тапкање од средината кон краевите на лицето. Со нежно утапкување или блага масажа нанесете го оклолу очите. Не го заборавајте вратот и деколтето и тие се дел од Вашето лице. Со серумите може да употребувате жаде ролер или дерма ролер.

По серумот нанесете Leda или Leda Lux крема за оптимален ефект.

Состав: Хијалуронска киселина*/**, ресвератрол*/**,  сквалан*, токоферол*, алга ламинарија екстракт*/**, растителен глицерин*, сукроза лаурат*,  бадемово масло*, цветна водичка од портокал *, бензил алкохол, дехидрооцетна киселина, дестилирана вода*, ксантан*, етерично масло од нероли*/**, етерично масло од босилек*/**.

*Состојки од природно потекло 99,4%

Пакување: 30 мл

Одржливост: Се залагаме за заштита на природата.  99% од продуктите се спакувани во стаклена амбалажа која можете да ја вратите кај нас. Дел од добивката вложуваме во

  • Обнова на почва
  • Пошумување
  • Чистење на отпад и пластика

Нашите рутини за нега се минималистички и одржливи, со почит кон кожата и околината