IGNEA Honolulu 50+ – Природна минерална крема за лице

1,405.00 ден

Категории , , ,

Опис

Honolulu 50+ содржи минерален нон нано цинк оксид кој обезбедува висока заштита од сонце со заштитен фактор SPF 50+. Не нано цинк оксидот е маханички заштитен фактор кој не се впива во кожата, останува на површината и само ги рефлектира (одбива) сончевите зраци.  Потполно е безбеден за сите возрасти како и за сите типови на кожа вклучувајќи кожа склона кон дерматити, розацеа, иритации. Оваа напредна минерална формула е збогатена со масло од калинка, невен, шеа путер и масло од малина со цел дополнителна антиоксидативна заштита и нега. Содржи хијалурон од природен извор за интензивна хидратација.

100% минерален не нано цинк оксид

UVA + UVB широк спектар

Без мирис

Без бели траги. Лесно се размачкува.

Сертифициран од страна на  Министерство за здравство на СР Македонија.

Не токсичен за подводниот свет.

Начин на употреба: Нанесете рамномерно на кожата 15-20 минути пред изложување на сонце. Повторете на секои 2 часа или по секое капење.

Цинк Оксид (не нано) – природен УВ филтер; смирува иритации и спречува дехидратација

Масло од калинка – моќен антиоксиданс; ја обновува кожата по изложување на сонце

Масло од малина –Синергистичко дејство со цинк оксидот при заштита од сонце. Богат со антиоксиданси и бетакаротен.

Пантенол – го поттикнува обновувањето на кожата и ја смирува иритацијата.

Невен – Идеален за нега на изгореници, егземи и чувствителна кожа.

Шеа путер – длабинска хидратација и нега; богат со витамини А, Е и Д

Хијалурон  од природен извор ; ја штити кожата од дехидрација при долго изложување на сонце

Состав: цинк оксид *, екстракт од тимјан*/**, екстракт од морков*/**,  невен*/**,  масло од калинка*/**, масло од семки од малина*/**, шеа путер*/**, масло од сончоглед*/**, хијалуронска киселина*/**, масло од бадем*/**, растителен глицерин*, вода,  витамин Е*/**, пантенол, сорбитан оливат*,  цетеарил оливат*, бензил алкохол, дехидрооцетна киселина , вода.

*Состојки од природно потекло 99,1%

** Состојки од органски узгој 66.2%

Пакување: 50 мл

Совет за безбедно сончање: Кремите за сончање се само една форма на заштита од сонце. За максимална заштита:

  • Носете заштитна облека, капа и очила
  • Избегнувајте сонце во најжешките делови од денот (12–17 ч.)
  • Нанесете заштитна крема најмалку 20 минути пред излегување на сонце
  • Повторувајте на секои 2 часа, како и по пливање, потење или бришење со крпа

Одржливост: Се залагаме за заштита на природата.  99% од продуктите се спакувани во стаклена амбалажа која можете да ја вратите кај нас. Дел од добивката вложуваме во

  • Обнова на почва
  • Пошумување
  • Чистење на отпад и пластика

Нашите рутини за нега се минималистички и одржливи, со почит кон кожата и околината.