IGNEA Leda крема за лице со масло од калинка

970.00 ден

Категории , ,

Опис

Leda со масло од калинка и природна УВ заштита – дневно/ноќна рутина

Високо хидрантна хранлива крема за лице идеална за нормална кожа со масна Т зона.

Длабински ја хидрира кожата, го регулира лачењето на себумот и ја нормализира Т зоната, го изедначува тенот, го подобрува тонусот!

Оваа лесно впивлива крема го надополнува изгубениот хијалурон, поттикнува синтеза на колаген и еластин, длабински ја хидрира и исхранува кожата.

Кремата е со потполно избалансиран состав на вода, хидролат и липидни компоненти за да овозможи хидро- липиден баланс на кожата и да ја поддржи нејзината природна функција.

Ароматерапијата е брижливо одбрана и насочена кон регулирање на масната Т зона.

Со редовна употреба кожата изгледа здраво, негувано,измазнето, со воедначен тен.

Содржи природна хијалуронска киселина, смил, масло од калинка, шеа путер.

Идеална е како подлога пред пудра.

Текстура: Лесна, свиленкаста емулзија

Мирис: Цветно освежителен со преовладување на цитрусна нота и смиљ

Клучни активни компоненти

Природна хијалуронска киселина со двојни молекули – овозможува површинско и длабинско хидрирање на кожата, одржување на тонусот и мазниот изглед на лицето.

Масло од калинка –  брза регенерација по изложување на УВ зраци, измазнувачки ефект

Смил – ја негува чувствителната кожа, ја регенерира, ја зголемува цврстината на кожата, ја спречува појавата на фини линии.

Липиден комплекс –  масло од калинка, шеа путер, арганово масло, масло од семки од грозје – на кожата и ги даваат потребните хранливи материи

Начин на употреба:

Наутро и навечер нанесете ја кремата на измиено и исчистено лице. Нанесувајте ја со кружни движења од средината кон краевите на лицето. Не го заборавајте вратот и деколтето.

За максимален ефект нанесете некој од Eternity серумите за лице.

Ако имате дехидрирана, сува кожа пред нанесување на Leda кремата нанесете Eternity H серум; ако сакате да го потенцирате pro age (антирид ефектот) тогаш одберете Fit Face серум. Ако сакате да потенцирате изедначување на тен тогаш пред Leda кремата нанесете Eternity C серум.

Состав: масло од калинка*/**, масло од семки од гројзе */**, арганово масло */**, шеа путер*/**, хидролат од смилје*/**, хијалуронска киселина*,  екстракт од малина*/**,   цетеарил оливат*, сорбитан оливат*, растителен глицерин*, бензил алкохол, дехидрооцетна киселина, дестилирана вода*, пантенол, токоферол*, етерично масло од лимон без фурокумарини*/**, етерично масло од нероли*/**

*Состојки од природно потекло 99,1%

** Состојки од органски узгој 63,3%

Пакување: 50 мл