IGNEA Leda Lux DIVINE – мини – лифтинг крема за лице

1,995.00 ден

Категории , ,

Опис

Дневно/ноќна Pro-age хидрантна крема за лице со високо потентен фитокомплекс од алга ламинарија и смил. Содржи природна УВ заштита.

  • Ја обновува хидро-липидната бариера
  • Затегнува, зацврснува и измазнува фини линии и брчки
  • Исхранува, регенерира и го враќа природниот сјај на кожата
  • Ја штити кожата од оксидативен стрес.

Природната нега е одговорна за сјајниот изглед.  Ефективноста на кремот Leda Lux Divine лежи во научно заснованата синергија од  фитокомплекс алга Ламинарија и смил, скапоцените фитоекстракти, високо квалитетните  ботанички масла, ароматерапијата и природниот хијалурон. Високо ефикасните растителни екстракти ја регенерираат и измазнуваат кожата и го воедначуваат тенот. Во исто време, штитат од оксидативен стрес предизвикан од слободните радикали, кои се одговорни за предвремено стареење на кожата. Луксузните ботанички масла ја надополнуваат оваа заштита, ја негуваат и исхрануваат кожата.

Оваа лесно впивлива крема дава така наречен исполнувачки ефект, го надополнува изгубениот хијалурон, поттикнува синтеза на колаген и еластин.

Кремата е со потполно избалансиран соства на хидрирачки и липидни компоненти за да овозможи баланс на кожата и да ја поддржи нејзината природна функција.

Со редовна употреба кожата изгледа здраво, негувано, се превенира создавање на нови брчки, визуелно се намалува длабочината на веќе постоечките брчки. Иделна е за нормална до сува кожа. Одлична подлога пред пудра.

Текстура: Лесна, свиленкаста емулзија

Мирис: Преовладува комбинација од смил и цитрусна нота.

Клучни активни компоненти

Алга Ламинарија – ин виво студија – 80% од испитаниците наведуваат  видливо намалување на брчките при редовна употреба. Ја поддржува природната функција на фибробластите и со тоа ја фаворизира синтезата на колаген и еластин.

Природна хијалуронска киселина со двојни молекули – овозможува исполнителен ефект со цел намалување на длабочината на брчките и длабока хидратација

Масло од роза –  содржи есенцијални масни киселини, каротеноиди и прекурсори на витамин А. Идеално е за брза регенерација на зрела кожа и фотооштетена кожа каде е неопходна брза регенерација и изедначување на невоедначен тен.

 Смил – ја негува чувствителната кожа, ги намалува брчките, ја зголемува цврстината на кожата

Липиден комплекс –  масло од роза, шеа путер, арганово масло, масло од семки од грозје – на кожата и ги даваат потребните хранливи материи

Арома терапија – ја опушта и релаксира мускулатурата на лицето. Кога мускулатурата е во грч се создаваат брчки. Ја измазнува и регенерира кожата. Го подига расположението преку синтеза на серотонин и допамин.

Начин на употреба:

Наутро и навечер нанесете ја кремата на измиено и исчистено лице. Нанесувајте ја со кружни движења од средината кон краевите на лицето. Не го заборавајте вратот и деколтето и тие се дел од Вашето тело.

За максимален ефект искомбинирајте ја со Fit Face серумoт за лице.

Состав: масло од роза*/**, масло од семки од гројзе */**, арганово масло */**, шеа путер*/**, смил*/**, хијалуронска киселина*/**,  екстракт од малина*/**,  алга ламинарија** цетеарил оливат*, сорбитан оливат*, растителен глицерин*/**, бензил алкохол, дехидрооцетна киселина, дестилирана вода*, алантоин, токоферол*/**, етерично масло од лимон без фурокумарини*/**

*Состојки од природно потекло 99,6%

** Состојки од органски узгој 93,3%

Пакување: 50 мл

Одржливост: Се залагаме за заштита на природата.  99% од продуктите се спакувани во стаклена амбалажа која можете да ја вратите кај нас. Дел од добивката вложуваме во

  • Обнова на почва
  • Пошумување
  • Чистење на отпад и пластика

Нашите рутини за нега се минималистички и одржливи, со почит кон кожата и околината