IGNEA Leda teen day cream
970.00 ден
Опис
Крема за лице за кожа склона кон акни; со природна УВ заштита
Лесна, ефикасна крема специјално формулирана за кожа склона кон акни. Го регулира лачењето на себумот, делува антивоспалително и антимикробно, додека истовремено ја смирува кожата и ја поддржува нејзината природна функција. Погодна за секојдневна употреба, и дење и ноќе.
Дејство и придобивки
- Го регулира лачењето на себум
- Делува антивоспалително и ја намалува иритацијата
- Антимикробно дејство против P. acnes, S. aureus и M. furfur
- Ги чисти и визуелно ги намалува порите
- Ги отстранува митисерите
- Ги намалува и превенира флеките од акни
- Ја смирува кожата и го изедначува тенот
- Обезбедува природна УВ заштита
- Идеална како подлога под пудра
Опис
Оваа лесно впивлива крема има потполно избалансиран сооднос на вода, хидролати и липидни компоненти, со цел да ја одржи кожата во физиолошки баланс и да ја поддржи нејзината природна заштитна бариера. Формулата е богата со природни активни состојки кои синергиски делуваат за чиста, смирена и здрава кожа
- Текстура: лесна, свиленкаста емулзија
- Мирис: чајно дрво и лаванда
Клучни активни компоненти
Зелен чај
Го намалува воспалението, иритацијата и црвенилото, и спречува појава на ситни бубулици.
Природна салицилна киселина (од кора од бела врба)
Кератолитички ефект – ги чисти и намалува порите, ги отстранува и превенира флеките од акни и ја намалува инфламацијата.
Екстракт од ламинарија (алга)
Го регулира лачењето на себумот, ја враќа кожата во баланс и делува антимикробно.
Цинк
Има адстрингентно и антивоспалително дејство. Помага во сушење на гнојните бубулици.
Ароматерапија (лаванда и чајно дрво)
Го регулира себумот, делува антимикробно и помага во превенција од лузни и флеки.
Начин на употреба
Наутро и навечер нанесете ја кремата на чисто и измиено лице. За максимален ефект, користете ја како дел од активната рутина за нега на кожа склона кон акни.
Состав: шеа путер*/**, масло од јојоба*/**, масло од лешник*/**, екстракт од зелен чај*/**, екстракт од ламинарија*/**,екстракт од невен*/**, екстракт од малина*/**, цинк*, екстракт од кора од бела, салицин врба*/**, хидролат од тимјан*/**, алантоин*, хијалуронска киселина *, цетеарил оливат*, сорбитан оливат*, растителен глицерин*/**, бензил алкохол, дехидрооцетна киселина, дестилирана вода*, пантенол, токоферол*, етерично масло од лаванда*/**, етерично масло од чајно дрво*/**
*Состојки од природно потекло 99,4%
** Состојки од органски узгој 77,7%
Пакување: 50 мл
Одржливост: Се залагаме за заштита на природата. 99% од продуктите се спакувани во стаклена амбалажа која можете да ја вратите кај нас. Дел од добивката вложуваме во
- Обнова на почва
- Пошумување
- Чистење на отпад и пластика
Нашите рутини за нега се минималистички и одржливи, со почит кон кожата и околината





