IGNEA Mommy Тo Be Belly Butter – Путер за превенција од стрии
1,420.00 ден
Опис
Путер за превенција од стрии
Иновативна фитотерапевтска формула создадена за кожа без стрии, специјално формулирана за потребите на телото за време на бременост. Комбинацијата од авокадо, бадем, шеа, какао, готу кола и природна хијалуронска киселина обезбедува длабинска хидратација, регенерација и заштита на кожата изложена на интензивно растегање.
Клинички докажана ефикасност
89% клинички докажана ефикасност на Готу Кола, шеа путерот и маслото од авокадо во:
- превенција од појава на стрии
- подобрување на текстурата на кожата
- зголемување на еластичноста и цврстината
Дејство и придобивки
- Длабинска хидратација и интензивна исхрана
- Стимулира продукција на колаген и еластин
- Ја подобрува еластичноста и отпорноста на кожата
- Ја регенерира и обновува оштетената кожа
- Ја враќа мекоста, мазноста и здравиот изглед
- Погоден за секојдневна употреба
Формулата е нежна и безбедна за сите типови кожа, вклучувајќи и чувствителна кожа. Содржи природни и органски растителни суровини и витамини, без:
❌ парабени
❌ сулфати
❌ вештачки бои
❌ вештачки мириси
Текстура: Хидрантна, Лесна и брзо впивлива
Начин на употреба
Нанесете мала количина од путерот на чиста кожа и нежно масирајте додека целосно не се впие.
За најдобри резултати, нанесувајте 2–3 пати дневно на загрозените регии:
стомак, бутини, гради, колкови
Клучни активни компоненти
Екстракт од Готу Кола
Регенерира оштетена кожа, ја стимулира синтезата на колаген и еластин, ја поттикнува пролиферацијата на фибробласти и ја спречува деградацијата на екстрацелуларниот матрикс.
Масло од авокадо
Интензивно ја обновува кожата и ја стимулира синтезата на керамиди, обезбедувајќи долготрајна хидратација и заштита.
Природна хијалуронска киселина
Длабински ја хидрира кожата и значително ја зголемува нејзината еластичност – клучно за периоди на интензивно растегање, особено за време на бременост.
Состав
Состав: масло од авокадо*/**, шеа путер*/**, какао путер*/**, бадемово масло*/**, сончогледово масло*/**, екстракт од морков*/**, готу кола*/**, екстракт од невен*/**, хидролат од смилје*/**, хијалуронска киселина*/**, растителен глицерин*/**, дестилирана вода*, пантенол, токоферол*, глицерил моно стеарат*, бензил алкохол, дехидрооцетна киселина .
* Состојки од природно потекло – 99,6%
** Состојки од органски узгој – 88,8%
Пакување: 212 ml
Одржливост: Се залагаме за заштита на природата. 99% од продуктите се спакувани во стаклена амбалажа која можете да ја вратите кај нас. Дел од добивката вложуваме во
- Обнова на почва
- Пошумување
- Чистење на отпад и пластика
Нашите рутини за нега се минималистички и одржливи, со почит кон кожата и околината

