Le Brand Studio Маичка Суфражет

950.00 ден

SKU: Недостапно Категории: , ,

Опис

Концептот “Суфражет ” е инспириран од боите на суфржетките: виолетова како ДОСТОИНСТВО, зелена како НАДЕЖ и бела како ЧИСТОТА.
🟪⬜🟩
Суфражетките биле високо освестени  за моќта на изгледот во борбата за нивните права. Тие увиделе дека на протестите  освен паролите и говорите,мора да испратат и визуелна порака, за да го привлечат вниманието како на оние кои ја имале моќта да одлучуват,така и на јавноста во целост,вклучително да избегаат од стереотипите кои ги наметнувале оние кои се противеле на идејата жените да имаат право на глас,па ги претставувале како карикатури со неуреден и мажествен  изглед на насловните на весниците.
▪︎Предизвикани од оваа анти-кампања морале да му покажат на светот дека тие се достоинствени и лојални граѓани на општеството со чиста идеја и надеж за подобро утре.
▪︎Нивниот изглед,освен долгите тоалети е надополнет со виолетови и зелени додатоци,најчесто во вид тробојни свилени траки. Концептот со трите бои го осмислува Emmelie Pethick-Lawrence,издавачка на весникот “Votes for women” и во своето обраќање кон соборките вели дека ова можеби им изгледа неважно и мало,но во оваа борба нема ништо тривијално и непотребно.Aко секоја од вас ја одработи својата улога овие бои ќе станат симбол.

15% од профитот да одат во фонд со кој ќе поддржиме жени кои ја водат својата борба со семејното насилство и самохраното родителство.

Le Brand Studio е моден бренд кој и се обраќа на современата жена со интензивно секојдневие.Секое парче облека е осмислено да биде доволно само по себе,како и совршено да се вклопува во посебноста на многу стилови.Aвтентичниот дизајнерски печат со кој се надополнуваат чистите форми и строгите архитектурни линии е израз на раскошен минимализам и суптилна впечатливост.

Состав: 100% памук
Начин на одржување: Перење на 30°

Информации за испорака

Скопје
Испораката е бесплатна за сите нарачки над 4000 денари. За нарачки под 4000 денари, испораката се наплаќа 150 денари.
Време на испорака: 2-15 дена во зависност од производот.

Останати градови во државата
Испораката се наплаќа 150 денари. Време на испорака: 2-20 дена во зависност од производот.