LOM Cracked Cotton Кошула

Unisex Кошула

3,900.00 ден

SKU: Недостапно Категории: , , , ,

Опис

Унисекс кошула со модерен, структуриран крој и дизајн инспириран од природата.
Урбано парче облека соодветно за потоплите денови и ноќи поради пријатниот природен
материјал од кој е изработена оваа кошула. Изгледот на кошулата е впечатлив поради
градиентот на бои, од светла сива, бела кон темно сива и црна боја, претставувајќи
стилизирани форми на гранки и рефлексија на вода.
Кошулата има “збрчкан” ефект, убавината на ова парче е во својот несовршен изглед, сама по
себе е автентична но може да се комбинира со други модни парчиња за да се постигне
лежерен или формален изглед.
Кошулата се затвора со метални копчиња. На предниот дел има два големи функционални
џебови. На грбот е аплициран уметнички принт со лимета зелена боја PRIVATE FANTASY
SPACES.
Кошулата е рачно изработена од принтан 100% памук.
 Инструкции за одржување:
Рачно перење во ладна вода, или машинско перење со ладна вода 30°. Користете нежен
детргент за облека.
Се препорачува пеглање на ниска температура доколку има потреба ( да не се пегла врз
принтот).
Грижете се за вас и за вашата кошула ♡

Информации за испорака

Скопје
Испораката е бесплатна за сите нарачки над 4000 денари. За нарачки под 4000 денари, испораката се наплаќа 150 денари.
Време на испорака: 2-15 дена во зависност од производот.

Останати градови во државата
Испораката се наплаќа 150 денари. Време на испорака: 2-20 дена во зависност од производот.