MOYA MATCHA Premium Мача
1,399.00 ден
Опис
Брендот Моya Matcha е автентична Јапонска и органска мача која се одгледува во регионот Уџи во префектурата Кјото, познат по одгледувањето на најквалитетен зелен чај повеќе од 800 години.
Регионот Уџи е познат по неговите плодни почви и чиста вода.
Чајните билки таму имаат идеални услови за растење благодарение на ридовите кои обезбедуваат добра сончева светлина, честите магли кои ги штитат нежните лисја од мраз и големото количество на врнежи.
Квалитетот e потврден со стандардите на ЕУ – органски сертификат и Јапонскиот сертификат ЈОНА. Ова докажува дека Moya Matcha доаѓа од плантажи кои се ослободени од пестициди и не биле контаминирани од надворешно загадување за време на производствениот процес.
Мача е зелен чај во прав добиен од чајни билки кои се заштитени од директна сончева светлина пред да бидат наберени. Како резултат, добиваме пијалок со повисока содржина на хлорофил и антиоксиданс а воедно и пијалок со побогата и позелена боја.
По бербата свежите лисја се парат, се сушат и се мелат во прав во традиционални мелници. Во споредба со обичниот сварен чај, кога пиеме мача, го конзумираме целиот чаен лист и на овој начин го снабдуваме нашето тело со сите хранливи материи коишто ги содржи чајот.
Придобивки од конзумирање на мача:
- Најмоќен антиоксидант
- Богат извор на катехини
- Го смирува умот и го релаксира телото
- Го зголемува нивото на енергија
- Ја подобрува концентрацијата
- Го зајакнува имунолошкиот систем
- Обезбедува витамин Ц, селен, хром, цинк и магнезиум
- Совршен детокс
Најквалитетна органска мача добиена од најмладите и најфините лисја од 1-та берба koja најмногу се користи за Traditional Tea Ceremony.Има богат, мек, сладок вкус и беспрекорна кремаста текстура. Нејзината живописна зелена боја која наликува на каменот жад е љубов на прв поглед. Matcha Premium е навистина извонреден производ, наменет за најголемите љубители на мача.
Информации за испорака
Скопје
Испораката е бесплатна за сите нарачки над 1500 денари. За нарачки под 1500 денари, испораката се наплаќа 110 денари. Време на испорака: 2-15 дена во зависност од производот.
Останати градови во државата
Испораката се наплаќа 150 денари. Време на испорака: 2-20 дена во зависност од производот.