MOYA MATCHA Traditional Мача

999.00 ден

Опис

Брендот Моya Matcha е автентична Јапонска и органска мача која се одгледува во регионот Уџи во префектурата Кјото, познат по одгледувањето на најквалитетен зелен чај повеќе од 800 години.

Регионот Уџи е познат по неговите плодни почви и чиста вода.

Чајните билки таму имаат идеални услови за растење благодарение на ридовите кои обезбедуваат добра сончева светлина, честите магли кои ги штитат нежните лисја од мраз и големото количество на врнежи.

Квалитетот e потврден со стандардите на ЕУ – органски сертификат и Јапонскиот сертификат ЈОНА. Ова докажува дека Moya Matcha доаѓа од плантажи кои се ослободени од пестициди и не биле контаминирани од надворешно загадување за време на производствениот процес.

Мача е зелен чај во прав добиен од чајни билки кои се заштитени од директна сончева светлина пред да бидат наберени. Како резултат, добиваме пијалок со повисока содржина на хлорофил и антиоксиданс а воедно и пијалок со побогата и позелена боја.

По бербата свежите лисја се парат, се сушат и се мелат во прав во традиционални мелници. Во споредба со обичниот сварен чај, кога пиеме мача, го конзумираме целиот чаен лист и на овој начин го снабдуваме нашето тело со сите хранливи материи коишто ги содржи чајот.

Придобивки од конзумирање на мача:

  • Најмоќен антиоксидант
  • Богат извор на катехини
  • Го смирува умот и го релаксира телото
  • Го зголемува нивото на енергија
  • Ја подобрува концентрацијата
  • Го зајакнува имунолошкиот систем
  • Обезбедува витамин Ц, селен, хром, цинк и магнезиум
  • Совршен детокс

Висококвалитетна органска мача добиена од 1-та и 2-та берба. Можеме да ја препознаеме по нејзиниот избалансиран, богато горчлив-сладок вкус, кремаста текстура и зелена боја како каменот малахит.Може да се користи за сите мача пијалоци како чај, мача лате, во смути, лимонади итн. Идеална за сите мача-почетници.

 

Информации за испорака

Скопје
Испораката е бесплатна за сите нарачки над 1500 денари. За нарачки под 1500 денари, испораката се наплаќа 110 денари. Време на испорака: 2-15 дена во зависност од производот.

Останати градови во државата
Испораката се наплаќа 150 денари. Време на испорака: 2-20 дена во зависност од производот.