NAMIKKA Happiness Топ

За сите летни ноќи кога сакаш да изгледа посебно без многу труд!

730.00 ден

SKU: Недостапно Категории: , , , Ознака:

Опис

За сите летни ноќи кога сакаш да изгледа посебно без многу труд! Овој топ е создаден во неон портокалова боја и “водопад” отвор на врзување со целосно отворен грб. Ќе се чуствуваш среќно секој пат кога ќе го носиш <3 Namikka е моден бренд, новороденче на онлајн продажната сцена. Основачки на брендот се две сестри – Марта и Јана. Името на брендот- NAMIKKA доаѓа од јапонскиот јазик – нивниот збор за “бран”, и тоа не е случајно. Размислувајќи за нивниот концепт и што е она кое би сакале да го понудат на нивните клиенти, девојките од Namikka доаѓаат до заклучок дека не сакаат да им понудат само продукт туку и потсетник на слободата како ултимативна форма на среќа и дека носењето на парче облека кое ќе ја направи жената да се чувствува пријатно, комфорно и самоуверено во својата кожа ќе и служи и како потсетник дека во нејзина моќ се сите “бранови” промена кои ги има на ум. Девојките се целосно вклучени во сите чекори од производството на едно НАМИККА парче. Дизајните ги изработуваат сами и со особена грижа ги избираат материјалите од кои парчињата се изработени. Тие се шијат во склоп на мала шнајдерска работилница, со ограничен број на текстилни работнички и нивната максима е приоритизирање на квалитетот пред квантитетот, како и грижа за условите и правата на секој кој со својот труд допринесува кон производот.

Информации за испорака

Скопје
Испораката е бесплатна за сите нарачки над 1500 денари. За нарачки под 1500 денари, испораката се наплаќа 110 денари. Време на испорака: 2-15 дена во зависност од производот.

Останати градови во државата
Испораката се наплаќа 150 денари. Време на испорака: 2-20 дена во зависност од производот.