NAMIKKA Let your phone die Сет

Најудобниот пижама сет и lounge-wear за тебе.

 

 

2,150.00 ден

SKU: Недостапно Категории: , , Ознака:

Опис

Направени целосно од растеглив памук, со детали од сатен во пудра боја, овој сет е совршен за завршување на работи низ дома и удобни “спиење” сесии!

Namikka е моден бренд, новороденче на онлајн продажната сцена. Основачки на брендот се две сестри – Марта и Јана. Името на брендот- NAMIKKA доаѓа од јапонскиот јазик – нивниот збор за “бран”, и тоа не е случајно. Размислувајќи за нивниот концепт  и што е она кое би сакале да го понудат на нивните клиенти,  девојките од Namikka доаѓаат до заклучок дека не сакаат да им понудат само продукт туку и потсетник на слободата  како ултимативна форма на среќа и дека носењето на парче облека кое ќе ја направи жената да се чувствува пријатно, комфорно и самоуверено во својата кожа ќе и служи и како потсетник дека во нејзина моќ се сите “бранови” промена кои ги има на ум.

Девојките се целосно вклучени во сите чекори од производството на едно НАМИККА парче. Дизајните ги изработуваат сами и со особена грижа ги избираат материјалите од кои парчињата се изработени. Тие се шијат во склоп на мала шнајдерска работилница, со ограничен број на текстилни работнички и нивната максима е приоритизирање на квалитетот пред квантитетот, како и грижа за условите и правата на секој кој со својот труд допринесува кон производот.

95% Памук, 5% Ликра

Детали: 100% Сатен

Перење на 30 степени

Пеглање на тивко

Информации за испорака

Скопје
Испораката е бесплатна за сите нарачки над 1500 денари. За нарачки под 1500 денари, испораката се наплаќа 110 денари. Време на испорака: 2-15 дена во зависност од производот.

Останати градови во државата
Испораката се наплаќа 150 денари. Време на испорака: 2-20 дена во зависност од производот.