NAMIKKA Night In Body Пижама

Направено од “сонлив” плиш со детали од чипка, ова боди е совршеното парче да го облечеш пред да легнеш да спиеш.

 

1,650.00 ден

Категории: , , Ознака:

Опис

Направено специјално за тебе, ова боди за спиење е буквално се што ти треба! Направено од “сонлив” плиш со детали од чипка, ова боди е совршеното парче да го облечеш пред да легнеш да спиеш.

Namikka е моден бренд, новороденче на онлајн продажната сцена. Основачки на брендот се две сестри – Марта и Јана. Името на брендот- NAMIKKA доаѓа од јапонскиот јазик – нивниот збор за “бран”, и тоа не е случајно. Размислувајќи за нивниот концепт  и што е она кое би сакале да го понудат на нивните клиенти,  девојките од Namikka доаѓаат до заклучок дека не сакаат да им понудат само продукт туку и потсетник на слободата  како ултимативна форма на среќа и дека носењето на парче облека кое ќе ја направи жената да се чувствува пријатно, комфорно и самоуверено во својата кожа ќе и служи и како потсетник дека во нејзина моќ се сите “бранови” промена кои ги има на ум.

Девојките се целосно вклучени во сите чекори од производството на едно НАМИККА парче. Дизајните ги изработуваат сами и со особена грижа ги избираат материјалите од кои парчињата се изработени. Тие се шијат во склоп на мала шнајдерска работилница, со ограничен број на текстилни работнички и нивната максима е приоритизирање на квалитетот пред квантитетот, како и грижа за условите и правата на секој кој со својот труд допринесува кон производот.

100% Полиестер

Перење на 30 степени

Пеглање на тивко

Информации за испорака

Скопје
Испораката е бесплатна за сите нарачки над 4000 денари. За нарачки под 4000 денари, испораката се наплаќа 150 денари.
Време на испорака: 2-15 дена во зависност од производот.

Останати градови во државата
Испораката се наплаќа 150 денари. Време на испорака: 2-20 дена во зависност од производот.