NAMIKKA Skin Блуза
Ова парче, омилено на секоја жена, е основното парче на било која гардероба.
1,000.00 ден
Опис
Ова парче, омилено на секоја жена, е основното парче на било која гардероба, за било кое време. Може да се искомбинира со се; искомбинирај го со тренерски и оди во кино, или пак облечи го твоето омилено одела и носи ја твојата моќ каде и да си!
Namikka е моден бренд, новороденче на онлајн продажната сцена. Основачки на брендот се две сестри – Марта и Јана. Името на брендот- NAMIKKA доаѓа од јапонскиот јазик – нивниот збор за “бран”, и тоа не е случајно. Размислувајќи за нивниот концепт и што е она кое би сакале да го понудат на нивните клиенти, девојките од Namikka доаѓаат до заклучок дека не сакаат да им понудат само продукт туку и потсетник на слободата како ултимативна форма на среќа и дека носењето на парче облека кое ќе ја направи жената да се чувствува пријатно, комфорно и самоуверено во својата кожа ќе и служи и како потсетник дека во нејзина моќ се сите “бранови” промена кои ги има на ум.
Девојките се целосно вклучени во сите чекори од производството на едно НАМИККА парче. Дизајните ги изработуваат сами и со особена грижа ги избираат материјалите од кои парчињата се изработени. Тие се шијат во склоп на мала шнајдерска работилница, со ограничен број на текстилни работнички и нивната максима е приоритизирање на квалитетот пред квантитетот, како и грижа за условите и правата на секој кој со својот труд допринесува кон производот.
70% жарсе, 20% памук, 10% ликра
Перење на 30 степени
Пеглање на тивко
Информации за испорака
Скопје
Испораката е бесплатна за сите нарачки над 4000 денари. За нарачки под 4000 денари, испораката се наплаќа 150 денари.
Време на испорака: 2-15 дена во зависност од производот.
Останати градови во државата
Испораката се наплаќа 150 денари. Време на испорака: 2-20 дена во зависност од производот.