OLIVAL Хијалурон хидратор 4Х

30 мл.

990.00 ден

SKU: 3858892692646 Категории: , ,

Опис

Концентрираниот Хијалурон хидратор 4H е наменет за длабинска (ре)хидратација на сите типови кожа. Производот е во вид на серум со прозрачна, брзо апсорбирачка текстура, а се темели на синергиското делување на комплексот од 4 видови на хијалурон (Sodium Hyaluronate crosspolymer, Sodium Hyaluronate, Sodium Acetylated Hyaluronate и Hydrolyzed Sodium Hyaluronate), полиглутаминска киселина, ектоин и провитамин Б5 (пентанол).

Употреба: Се нанесуваат неколку капки на чисто, полувлажно лице, пред крема и/или масло. Во зависност од потребите на вашата кожа серумот може да се користи како самостоен производ или во комбинација со други Olival Professional серуми во текот на денот. Може да се користи долгорочно или како сезонски производ (на пример во зима).

Тип на кожа: Сите типови на кожа, вклучувајќи и хиперчувствителна кожа, чувствителна кожа склона кон иритации и дехидрација, розацеа, себороичен дерматит и слично.

Комплексот од 4 видови на хијалурон со своите специфични својства продираат во различни слоеви на кожата и ја враќаат влажноста и младешката исполнетост на кожата. Sodium Hyaluronate crosspolymer, Sodium Hyaluronate, Sodium Acetylated Hyaluronate и Hydrolyzed Sodium Hyaluronate заеднички создаваат уникатна „мрежа“ која длабински продира, од првиот слој на кожата па се до дермисот и епидермисот. На тој начин ја хидрираат кожата одвнатре, на повеќе нивоа, па така помагаат во задржување на водата во нејзините слоеви со што се обновува нејзината природната еластичност и цврстина.

Полиглутаминската киселина ја задржува влагата, создавајќи заштитен слој на површината на кожата, со што се спречува трансепридермалното губење на водата. Моментално ослободува од чувството на затегнатост, ја штити од надворешните влијанија, ги смирува воспалителните процеси и и дава на кожата свиленкаста текстура.

Ектоин, вид на аминокиселина, ја зајакнува хидролипидната бариера и природната отпорност на кожата. Дополнително делува на процесот на хидратација.

Провитамин Б5 (пантенол) дава дополнителна нега, мекост и еластичност, го подржува делувањето на активните состојки и совршено го надополонува целовкупното регенеративно и хидратантно дејство на производот.

Состојки: Aqua, Sodium Hyaluronate Crosspolymer, Sodium Hyaluronate, Sodium Acetylated Hyaluronate, Hydrolyzed Sodium Hyaluronate, Pentylene Glycol, Panthenol, Ectoin, Aloe Barbadensis Leaf Juice, Citric Acid, Potassium Sorbate, Sodium Benzoate, Sodium Polyglutamate, Phenoxyethanol, Ethylhexylglycerin

Информации за испорака

Скопје
Испораката е бесплатна за сите нарачки над 4000 денари. За нарачки под 4000 денари, испораката се наплаќа 150 денари.
Време на испорака: 2-15 дена во зависност од производот.

Останати градови во државата
Испораката се наплаќа 150 денари. Време на испорака: 2-20 дена во зависност од производот.