OLIVAL Микроексфолијант

42 мл.

930.00 ден

SKU: 3858892692370 Категории: , ,

Опис

Микроексфолијантот е иновативен пилинг во прав за лице, кој поради својот состав претставува еден вид на хибриден хемиско-механички пилинг. Ги отстранува мртвите клетки од кожата, ја чисти темелно, ја враќа нежноста и сјајот подготвувајќи ја кожата за рутинска нега. Содржи: Салицилна киселина 1%, зрна на рицинусов восок, Витамин Х (Биотин) и Алантоин.

Употреба: На мокри дланки нанесете мала количина од правот (пола чајна лажичка), потоа нежно и убаво измешајте. Добиената паста нанесете ја на влажно лице и со кружни движења нежно масирајте ја кожата на лицето 2-3 минути. Обилно исплакнете го лицето со млака вода и продолжете со вашата вообичаена крема, серум или масло. Се користи до 3 пати неделно, освен кај изразено чувствителна кожа, кожа склона кон капиларни промени и розацеа каде микроексфолијантот се користи еднаш неделно.

Предупредување: Избегнувајте вдишување на правот. Да не се користи во случај на преголема чувствителност или алергија на салицилна киселина.

Тип на кожа: Сите типови на кожа, кожа склона кон неправилности, акни, митесери, комедони.

Салицилната киселина припаѓа под бета хидроксилни киселини (BHA), а поради нејзиното докажано позитивно дејство врз комбинираната, масна и реактивна кожа склона кон неправилности во вид на проширени пори, отворени и затворени комедони, мозолчиња и акни, многу често се користи како активна состојка во наменската козметика. Салицилната киселина има противвоспалително и комедолитичко дејство (спречува и ублажува појава на комедони), длабински ги чисти порите и го спречува нивното запушување, го регулира лачењето на себумот, ги отстранува мртвите клетки на кожата, го освежува тенот и постепено ја ублажува видливоста на флеките и хиперпигментацијата. Од друга страна, механичкиот пилинг во Olival Микроексфолијантот го вршат природните зрнца од рицинусовиот восок.

Со процесот на формулирањето со зрнца од природно билно потекло, се испочитувани стандардите на “зелена хемија”, а воедно е искреиран производ кој е истовремено нежен и ефективен во отстранувањето на мртвите клетки на кожата.

Состојки:  Zea Mays Starch, Hydrogenated Castor Oil, Sodium Cocoyl Isethionate, Magnesium Oxide, Hydroxypropyl Starch Phosphate, Sodium Polystyrene Sulfonate, Salicylic Acid, Xanthan Gum, Sodium Benzoate, Biotin, Allantoin

Информации за испорака

Скопје
Испораката е бесплатна за сите нарачки над 4000 денари. За нарачки под 4000 денари, испораката се наплаќа 150 денари.
Време на испорака: 2-15 дена во зависност од производот.

Останати градови во државата
Испораката се наплаќа 150 денари. Време на испорака: 2-20 дена во зависност од производот.