OLIVAL Пилинг Тоник AHA PHA
150 мл
750.00 ден
Опис
Пилинг тоникот се заснова на 5,9% AHA и PHA киселини, екстракт од јаболко и негувателни, хидратантни состојки како хијалуронска киселина, бетаин, глицерин и пантенол, со посебно прилагодена pH вредност од 3,6 која гарантира ефективна ексфолијација. Тоникот содржи манделична киселина, глуконолактон и лактобионска киселина кои прават нежен хемиски пилинг на сите типови на кожа, вклучувајќи ја и зрелата кожа. Лесно ги отстранува мртвите клетки од кожата и ја враќа многу потребната влага, а со долгорочно користење тенот станува помазен, прочистен, изедначен и сјаен.
Специфичноста на овој тоник лежи во внимателниот избор на состојки и нивната концентрација како би се овозможила почеста употреба кај повеќето типови на кожа во однос на слични производи, што пак овозможува многу поудобна рутина и нежно одржување на здрав и прекрасен изглед на кожата.
Употреба: Нанесете го тоникот на суво лице со помош на памукче, крпче или директно тапкање со чисти дланки (идеално поради заштеда на производот и најнежно нанесување), избегнувајќи го чувствителниот преден околу очите. Откако тоникот ќе се впие во кожата, продолжете со нанесување на хидратантен серум, крема и/или масло. Зависно од состојбата и потребите на кожата, тоникот може да се користи од неколку пати во неделата до секој втор ден (урамнотежена, зрела, сува кожа), или пак секојдневно (масна кожа). Може да се користи во текот на целата година (со заштита од сонце), а не се препорачува паралелно користење со ретиноиди или други AHA и BHA киселини (во иста рутина, слоевито нанесување).
Предупредување: Тоникот се нанесува исклучиво на суво лице. Се користи во вечерната рутина, со задолжително нанесување на крема со заштитен фактор во текот на денот. Поради специфичното делување на киселините, кај проблематичната кожа склона кон неправилности можна е појава на „чистење фаза“ која е краткотрајна и пролазна.
Напомена: Протресете пред употреба!
Тип на кожа: Сите типови на кожа
Состојки: Aqua, Mandelic Acid, Gluconolactone, Lactobionic Acid, Betaine, Pyrus Malus Fruit Extract, Glycerin, Panthenol, Sodium Hyaluronate Crosspolymer, Sodium Hydroxide, Phenoxyethanol, Ethylhexylglycerin
Информации за испорака
Скопје
Испораката е бесплатна за сите нарачки над 4000 денари. За нарачки под 4000 денари, испораката се наплаќа 150 денари.
Време на испорака: 2-15 дена во зависност од производот.
Останати градови во државата
Испораката се наплаќа 150 денари. Време на испорака: 2-20 дена во зависност од производот.