OLIVAL Professional Крема за лице СПФ50

50 мл

1,155.00 ден

Категории: , , ,

Опис

Кремата со прозрачна, пенаста текстура со заштитен фактор 50 ви пружа висока заштита од широкиот спектар на УВА и УВБ зрачења. Брзо се апсорбира, остава мазен мат финиш и не ја масти кожата, поради што е идеална за секојдневна нега и заштита на сите типови на кожа, вклучувајќи ја комбинираната и масна кожа.

Оваа крема е збогатена со ниацинамид и убикинон, односно коензим Q10. Ниацинамидот (витамин Б3) ја намалува појавата на неправилностите, го регулира лачењето на себумот и видливоста на порите, го изедначува тонот и текстурата на кожата. Убикинонот или коензим Q10 (антиоксиданс) штити од слободните радикали настанати од УВ зрачењето и околните стресови, ја стимулира синтезата на колаген, ја смирува кожата и делува превентивно против знаците на предвременото стареење.

Кремата за лице СПФ 50 може да се користи како секојдневна подлога за шминка и може да се комбинира со производи како Витамин Ц серумот и Хијалурон Хидраторот 4Х. Производот не содржи вештачки мириси и бои.

Употреба: Нанесете ја кремата, рамномерно на лицето како краен чекор во утринската рутина.

Предупредување: Повторете ја заштитата на секои неколку часа. Не останувајте предолго на сонце иако користите производ за сончање. Не ги изложувајте новороденчињата и малите деца директно на сонце. Прекуумереното сончање сериозно го загрозува здравјето.

Состојки: Aqua, Cyclopentasiloxane, Ethylhexyl Methoxycinnamate, Dimethicone/Vinyl Dimethicone Crosspolymer, Diethylamino Hydroxybenzoyl Hexyl Benzoate, Potassium Cetyl Phosphate, Ethylhexyl Triazone, Bis-Ethylhexyloxyphenol Methoxyphenyl Triazine, Propylene Glycol, Glycerin, Acrylates/C12-22 Alkyl Methacrylate Copolymer, Niacinamide, Ubiquinone, Glyceryl Stearate, Sodium Polyacrylate Starch, Silica, Butylene Glycol, Caprylyl Glycol, Methylpropanediol, Didecyldimonium Chloride, Polyquaternium-80

Информации за испорака

Скопје
Испораката е бесплатна за сите нарачки над 1500 денари. За нарачки под 1500 денари, испораката се наплаќа 110 денари. Време на испорака: 2-15 дена во зависност од производот.

Останати градови во државата
Испораката се наплаќа 150 денари. Време на испорака: 2-20 дена во зависност од производот.