Почни од почеток
678.00 ден
Опис
Што може да најдете во книгата?
- Што треба да знаеме како родители за раст и развој кај децата и младите
- Теории кои помагаат да се разбере однесувањето кај децата и младите
- Што може да очекуваме од нашите тинејџери
- Родителство и родителски стилови
- Комуникациски техники и вештини за родители
- Техники на деескалација на конфликт и расправија
- Win-win ситуации
- Зошто vs Што vs Како
- Секција за само-грижа како родител
- Семејни: цели, очекувања, награди, последици (применливи кај деца и млади од 5-17години)
- Позитивна дисциплина (применливи зај деца и млади од 5-17години)
- Секција за партнерите како родители
- Прашалник, квиз и сценарија
Сара Георгиевска е лиценциран социјален работник во Америка и исполнува двојна улога, како социјален работник и како менаџер на програма со млади жртви на трговија со луѓе, жртви на сексуална, физичка и емоционална злоупотреба, злоупотребувани и малтретирани млади и млади кои имаат ниска самодоверба и се соочуваат со предизвици со своето ментално здравје, како на пример, суицидалност и самоповредување, депресија, анксиозност, биполарност и многу други дијагнози. Сара, врз основа на своето професионално искуство, тврди дека работата со младите може да се подобри доколку се вклучат родителите во процесот и во креирањето и имплементирањето 6-неделна програма за родители на кои им е потребна поддршка.
На годишно ниво, Сара работи со 130 и 150 адолесценти и со нивните семејства. Таа работи како дел од мултидисциплинарен тим и е активно вклучена во програма спроведена од Судот за деликвенти малолетници во Лас Вегас, Невада, и работи со деца кои се сторители на кривични дела.
Сара не само што работи на микро и на мезо ниво, туку истовремено е активна и на макросцената преку пишување грантови за невладини организации, ревизија и лобирање за социјални закони и регулации. Таа е говорник на различни платформи на кои главен фокус се жените, децата и младите.
Сара е основач на Grow2Guide, едукативна платформа со визија да ја стимулира свеста кај луѓето за индивидуални и систематски промени преку кои ќе се подобри животот и исходот кај младите, родителите и стручните лица. Grow2Guide е севкупна платформа за едукација на младите на возраст 12-18 години, на родителите и на стручните лица кои работат со младите и со нивните семејства.
Информации за испорака
Скопје
Испораката е бесплатна за сите нарачки над 1500 денари. За нарачки под 1500 денари, испораката се наплаќа 110 денари. Време на испорака: 2-15 дена во зависност од производот.
Останати градови во државата
Испораката се наплаќа 150 денари. Време на испорака: 2-20 дена во зависност од производот.