Бебиситерката

Автор: Фиби Морган
Издавач: ПОЛИЦА
Жанр: Белетристика
Број на страници: 349
Година на издание: 2020

550.00 ден

Категории: ,

Опис

Една убиена жена, едно исчезнато бебе, еден осомничен и многу прашалници. 33-годишната Керолајн Харви е избодена со нож додека го причувува бебето на нејзината пријателка. Нејзиното тело е најдено врз креветчето, а бебето е исчезнато. Осомничен за убиството е нејзиниот љубовник, шармантниот Калум, кого го апсат додека со сопругата и ќерката е на одмор во Франција.
„Знам што правиш. Не земај го она што не е твое“ е пораката што се појавува на мобилниот на Керолајн вечерта пред да биде убиена и навестува длабоко закопани тајни. Калум признава дека биле љубовници, но упорно негира дека ја убил. Во меѓувреме, медиумите го распарчуваат него и неговото семејство…
Книга што нема да можете да ја оставите. Одличен психолошки трилер со неверојатни заплети кои само што ќе помислите дека сте ги отплеткале, повторно се замотуваат и одново ги предизвикуваат вашите детективски вештини!

Информации за испорака

Скопје
Испораката е бесплатна за сите нарачки над 4000 денари. За нарачки под 4000 денари, испораката се наплаќа 150 денари.
Време на испорака: 2-15 дена во зависност од производот.

Останати градови во државата
Испораката се наплаќа 150 денари. Време на испорака: 2-20 дена во зависност од производот.