Од момче до маж : Како момчињата да пораснат среќни, здрави и успешни

Автор: Д-р Арне Рубинштајн
Издавач: ПОЛИЦА
Жанр: Прирачници
Број на страници: 236
Година на издание: 2020

400.00 ден

Категории: ,

Опис

Користејќи примери од вистинскиот живот, д-р Арне Рубинштајн ги објаснува опасностите со кои се соочуваат денешните тинејџери, вклучувајќи ги дрогата, алкохолот, технологијата и притисокот од врсниците. Потоа ни покажува како да ги подготвиме нашите синови за носење безбедни и разумни одлуки. За да успееме во тоа, неопходно е да го разбереме нивниот свет, предизвиците со кои се соочуваат и на кој начин мора да се менува нашиот однос кон нив додека тие стануваат млади мажи. Секој родител сака тоа да го изведе како што треба, но соодветните начини не ни се секогаш при рака.
Од момче до маж е напишана на јасен јазик, полна е со прекрасни приказни и одлично е организирана за да ве поведе на патување низ чудесните можности и низ ужасните опасности што ги доживува секое момче. Додека ја читате оваа книга, многу нешта ќе ви бидат познати, смешни, охрабрувачки, непријатни и реални. Било да сте самохрана мајка на среќен осумгодишник или родител на проблематичен тинејџер, овој прирачник ќе ви послужи како практичен и разумен водич како да му помогнете на вашиот син да премине од момче во маж и како да го стори тоа безбедно и на начин што ќе влијае врз него во текот на целиот живот.

Информации за испорака

Скопје
Испораката е бесплатна за сите нарачки над 1500 денари. За нарачки под 1500 денари, испораката се наплаќа 110 денари. Време на испорака: 2-15 дена во зависност од производот.

Останати градови во државата
Испораката се наплаќа 150 денари. Време на испорака: 2-20 дена во зависност од производот.