PURA PERLA Bubble my Trouble Шампон за коса

200 мл.

700.00 ден

Опис

Органски шампон без сулфати за здрава, сјајна коса полна со волумен. Двојно зголемениот раст на косата е бонус со нашиот најнов производ. Маслото од рицинус дава мекост и сјај на влакното и е најголем борец против оштетен скалп. Смирува иритации и поттикнува раст на влакно. Маслото од рузмарин делува антивоспалително на скалпот и го одложува губитокот на пигмент и појавата на седи влакна. Аминокиселините на овес имаат способност на задржување на влага со што го подобруваат изгледот на оштетена, сува коса и и дава сјај и живост. И за крај, екстрактот од бамбус го додадовме во нашата формула затоа што бамбусот е едно од најценетите билки во Азија. Сосема оправдано, затоа што токму овој екстракт е одговорен за високиот сјај, глаткост и здрав изглед на влакното. Накратко, нашиот шампон е тука за да ги елиминира сите проблеми на скалпот и влакното за вашата коса да заблеска со здрав сјај.

Информации за испорака

Скопје
Испораката е бесплатна за сите нарачки над 4000 денари. За нарачки под 4000 денари, испораката се наплаќа 150 денари.
Време на испорака: 2-15 дена во зависност од производот.

Останати градови во државата
Испораката се наплаќа 150 денари. Време на испорака: 2-20 дена во зависност од производот.