PYUNKANG YUL Moisture Ampoule Ампула за хидратација
Хидратантен бустер за длабока хидратација, потхранување и смирување
100 ml
1,580.00 ден
Нема на залиха
Опис
Pyunkang Yul Moisture Ampoule е моќен хидратантен бустер кој ја смирува и хидрира кожата, и ја прави мека и сјајна. Ампулата е составена од 90% екстракт од Coptis Japonica Root, моќна состојка која ја смирува и хидрира кожата, но и ја потхранува. Текстурата слична на мед го прави овој бустер специфичен и интересен за користење – се задржува кратко на површината на кожата по што се топи и впива оставајќи ја кожата неверојатно мека на допир, но и нахранета. Одговара на сите типови кожа, но најмногу на комбинирана и масна кожа, склона кон акни.
Состав:
Coptis Japonica Root Extract, Polysorbate 80, PEG-150 Distearate, Polysorbate 20, 1,2-Hexanediol, Glyceryl Caprylate.
Како се користи:
На чисто лице, како еден од последните чекори од ноќната нега. На тонирана кожа, или тонирана и хидрирана кожа, ставете мала количина на челото, носот и образите, размачкајте со дланките, нежно тапкајте и почекајте за да се впие.
Информации за испорака
Скопје
Испораката е бесплатна за сите нарачки над 1500 денари. За нарачки под 1500 денари, испораката се наплаќа 110 денари. Време на испорака: 2-15 дена во зависност од производот.
Останати градови во државата
Испораката се наплаќа 150 денари. Време на испорака: 2-20 дена во зависност од производот.