SkinDivision Berry Glow Серум за лице со 12% ”AHA” и 1% ”BHA” киселини

ЕКСФОЛИЈАЦИЈА • ПОДМЛАДУВАЊЕ
САЛИЦИЛНА КИСЕЛИНА • ОВОШНИ КИСЕЛИНИ • ПАНТЕНОЛ

20мл

 

1,850.00 ден

Категории: , ,

Опис

Наполнете ја вашата кожа со природен сјај со овој ексфолирачки третман со високи перформанси, направен со 12% потентни АХА овошни киселини кои ги ескфолираат клетките мртва кожа за поеизедначен, сјаен тон и видливо намалени фини линии и брчки, откривајќи забележително помазен и помладешки изглед. Серумот исто така содржи 0,5% чиста салицилна киселина (БХА) и 5% екстракт од кора од врба кој ја снабдува формулата со додатни 0,5% БХА (салицилна киселина). БХА исто така ја ексфолира кожата со дополнителна функција во борбата со несовршеностите и чистење на запушените пори. Оваа комбинација од 12% АХА + 1% БХА киселина, нуди длабинска ексфолијација која помага во борбата со видливи несовршености и подобрен сјај на кожата. Оваа формула содржи пантенол (Провитамин Б5) кој помага во намалување на иритациите поврзани со употреба на киселини, заедно со одличните надополнувачки и хидрирачки состојки како хиалуронска киселина, пироглутаминска киселина (Sodium PCA) и бетаин. Овој повеќе-функционален третман ги намалува знаците на стареење, изгледот на зголемени пори и сува кожа и го подобрува тонот, откривајќи посветла и кожа со поздрав изглед. Овој серум има оптимален опсег од 3.4-3.7 pH вредност. Секогаш нанесете широкоспектарна заштитна крема со најмалку 30СПФ секој ден и ограничете го изложувањето на сонце додека го користите овој производ и неколку недели потоа.

КЛУЧНИ СОСТОЈКИ:

12% АХА ОВОШНИ КИСЕЛИНИ: Природните овошни киселини (АХА), вклучувајќи млечна, гликолна и јаболкова киселина од брусница, лимон, јаболко и портокал ексфолираат на тој начин што нежно ги разврзуваат клетките во горниот слој од кожата, активирајќи обнова. Екстрактите од шеќерен јавор и шеќерна трска отстрануваат вишок и уморна кожа, чистејќи темелно, прочистувајќи ги запушените пори, минимизирајќи и обновувајќи ја создадената штета кај клетките од слободните радикали.
0,5% ЧИСТА САЛИЦИЛНА КИСЕЛИНА (БХА): БХА исто така ја ексфолира кожата со дополнителна функција во борбата со појавата на несовршености и запушени пори. Ова комбинирано решение нуди длабинска ексфолијација, помагајќи во борбата со видлива несовршености, подобрувајќи го сјајот на кожата.
5% ЕКСТРАКТ ОД КОРА ОД ВРБА БХА: Кората од врба е богата со салицилна киселина (БХА) која природно ја ексфолира кожата и ги чисти порите, давајќи почист и поздрав изглед. 5% екстракт од кора од врба ја надополнува формулата до додатни 0,5% БХА (салицилна киселина). Резултатот е помазна, помека кожа.
ПРОВИТАМИН Б5: Пантенолот е есенцијална состојка за убава кожа. Помага во намалувањето на иритации поврзани со употребата на киселина, има природни хидрирачки, смирувачки, заздравувачки и регенерирачки својства.
ХИАЛУРОНСКА КИСЕЛИНА: Обезбедува долготрајна хидратација, истовремено зголемувајќи го волуменот на клетките за да го олесни затегнувачкиот и исполнувачкиот ефект. Може да задржи 1000х повеќе вода од сопствената тежина – навистина импресивно!

–    Не содржи алкохол
–    Не содржи вештачки мириси
–    Вегански
–    Не содржи парабени
–    Cruelty-free
–    Дерматолошки тестиран

СОСТАВ: WATER/AQUA/EAU, ALOE BARBADENSIS (ALOE VERA) LEAF JUICE*, VACCINIUM MYRTILLUS (BILBERRY) FRUIT EXTRACT, SACCHARUM OFFICINARUM (SUGAR CANE) EXTRACT, CITRUS AURANTIUM DULCIS (ORANGE) FRUIT EXTRACT, CITRUS LIMON (LEMON) FRUIT EXTRACT, ACER SACCHARUM (SUGAR MAPLE) EXTRACT, SALIX NIGRA (WILLOW) BARK EXTRACT, GLYCERIN, GLUCONO DELTA LACTONE, BETAINE, SODIUM PCA, PANTHENOL (PROVITAMIN B5), SALICYLIC ACID, PHENOXYETHANOL, SODIUM HYALURONATE, ETHYLHEXYLGLYCERIN, PERFUME/FRAGRANCE**, SODIUM PHYTATE, CI12490.
*состојки од органско потекло сертифициранo од Ecocert Greenlife согласно стандардот COSMOS ORGANIC
**природно. Не содржи синтетички состојки.
Повремено нашите формули се менуваат како резултат на нашата посветеност кон иновација. Затоа, листата со состојки прикажана овде, може да се разликува од амбалажата на производот во зависност од времето и регионот на купување.

КАКО ДА СЕ КОРИСТИ: Нанесете 4-8 капки на ден, идеално навечер на чиста и тонирана кожа. Избегнувајте ги усните и деликатната околуочна регија. Масирајте како третман кој не се измива. Користете 3-5 ноќи неделно, постепено целејќи кон секојдневна употреба. Искомбинирајте со вашиот омилен бустер и/или масло од SkinDivision. Лесно пецкање и/или црвенило може да се појави при употреба.

Информации за испорака

Скопје
Испораката е бесплатна за сите нарачки над 1500 денари. За нарачки под 1500 денари, испораката се наплаќа 110 денари. Време на испорака: 2-15 дена во зависност од производот.

Останати градови во државата
Испораката се наплаќа 150 денари. Време на испорака: 2-20 дена во зависност од производот.