SkinDivision Jelly Mask Ексфолирачка маска за лице со ензими и “АХА„ киселини

ЕКСФОЛИЈАЦИЈА • ПРОЧИСТУВАЊЕ
МЛЕЧНА КИСЕЛИНА • САЛИЦИЛНА КИСЕЛИНА • ЕКСТРАКТ ОД ПАПАЈА

100мл

1,450.00 ден

Опис

Вратете го природниот сјај на вашата кожа со овој високо-ефективен пилинг и обновувачки третман направен со потентна концентрација на млечна киселина (АХА) која го ексфолира најгорниот слој на кожата за посветол и поизедначен изглед. Салицилната киселина (БХА) исто така ја ексфолира кожата, со дополнително дејство – прочистување на запушени пори. Оваа мешавина до 15% АХА + 0,5% БХА нуди длабинска ексфолијација, помагајќи во борбата со видливите несовршености и подобрувајќи го сјајот на кожата. Ензимите добиени од овошје (папаја, брусница и јаболко) нежно ги раствораат кератинизираните мртви епителни клетки од површината на кожата, истовремено одржувајќи го заштитниот липиден слој. Формулата исто така содржи алантоин кој помага да се намалат иритациите поврзани со употребата на киселини; провитамин Б5 кој помага во заздравувањето и хиалуронска киселина за подобрување на хидратацијата. Овој повеќе-наменски третман намалува знаци на стареење, темни дамки, зголемени пори и сувост, откривајќи посветол и поздрав изглед на кожата за само неколку минути.

КЛУЧНИ СОСТОЈКИ:

АХА – МЛЕЧНА КИСЕЛИНА (15%): Млечната киселина е дел од групата алфа хидрокси киселини (АХА). Таа ексфолира без механичко триење на начин што ги раствора структурите на мртвите клетки од кожата без да предизвика сензитивност. Таа е повеќе-наменска – ги зголемува церамидите во заштитната бариера на кожата; го зголемува задржувањето на водата; спречува запушување; ја подобрува пигментацијата.
БХА – САЛИЦИЛНА КИСЕЛИНА (0,5%): Делува со разлабавување и одделување на десмозомите (приврзани помеѓу клетките во горниот дел од кожата). Ова дејство поттикнува ексфолијација на кожата и отпушување на порите.
ЕКСТРАКТ ОД ПАПАЈА: Богат со папаин кој делува на површината на кожата за да ги раствори и отстрани мртвите клетки. Ова супер-овошје содржи и високи нивоа на антиоксиданти и нутриенти како витамин Б, Ц и каротеноиди – сите давајќи се себе за здрава, убава кожа.
ЕКСТРАКТ ОД БРУСНИЦА: Брусницата има висока содржина на Ц витамин и овошни ензими кои помагаат нежно и природно да се отстранат мртвите клетки, истовремено инфузирајќи антиоксиданти за затегнување и осветлување.
ЕКСТРАКТ ОД ЈАБОЛКО: Јаболкото е полно со природни овошни ензими кои помагаат нежно да ја ексфолирате вашата кожа и да ги раздвоите протеините кои ги држат клетките заедно.
АЛАНТОИН: Алантоинот е добро познат по своите смирувачки и заздравувачки својства. Исто така помага да се отстрани надворешниот слој на епидермисот и поттикнува создавање на здраво ткиво.

–    Не содржи алкохол
–    Не содржи вештачки мириси
–    Вегански
–    Не содржи парабени
–    Cruelty-free
–    Дерматолошки тестирана

СОСТАВ: WATER/AQUA/EAU, CARICA PAPAYA (PAPAYA) FRUIT EXTRACT, VACCINIUM MACROCARPON (CRANBERRY) FRUIT EXTRACT, PYRUS MALUS (APPLE) FRUIT EXTRACT, LACTIC ACID, SODIUM LACTATE, UREA, NIACINAMIDE (VITAMIN B3), PANTHENOL (PROVITAMIN B5), XANTHAN GUM, SALICYLIC ACID, ASCORBIC ACID (VITAMIN C), SODIUM HYALURONATE, ALLANTOIN, PHENOXYETHANOL, CAPRYLYL GLYCOL, SODIUM HYDROXIDE, CHLORPHENESIN, PARFUM/FRAGRANCE*, CI 75470, CI 77891, MICA.
*100% природна мешавина
Повремено нашите формули се менуваат како резултат на нашата посветеност кон иновација. Затоа, листата со состојки прикажана овде, може да се разликува од амбалажата на производот во зависност од времето и регионот на купување.

КАКО ДА СЕ КОРИСТИ: Нанесете на чист и сува кожа на лицето, избегнувајќи го околуочниот предел и усните. Оставете да делува 10-15 минути, во зависност од сензитивноста на кожата. Отстранете со топла вода или крпа. Користете еднаш неделно. Нежно пецкање може да се почувствува при употреба. Преку ден, секогаш носете крема со широко-спектарен заштитен фактор – 30СПФ или повеќе.

Информации за испорака

Скопје
Испораката е бесплатна за сите нарачки над 1500 денари. За нарачки под 1500 денари, испораката се наплаќа 110 денари. Време на испорака: 2-15 дена во зависност од производот.

Останати градови во државата
Испораката се наплаќа 150 денари. Време на испорака: 2-20 дена во зависност од производот.