SkinDivision Масло од чајно дрво

СМИРУВАЊЕ • РЕГЕНЕРАЦИЈА
МАСЛО ОД ЧАЈНО ДРВО

100% природно

1,205.00 ден

Категории: , ,

Опис

Маслото од чајно дрво е едно од најпопуларните масла, поради неговата широкоспектарна употреба и одлични придобивки кои се разновидни – од лечење на досадна мозолка до длабинско чистење на лавабо. Хемикалиите во маслото можат да ги убијат бактериите и габите (и со векови се користи како антисептик за исеченици и изгореници). Можете да го користите како замена за мноштво потенцијално штетни или неприродни производи во неколку полиња од вашиот начин на живот, се тоа во само едно мало шише. И верувајте ова е производ кој нема да ве изневери.
Ова повеќенаменско масло со антимикробни својства нуди природно, ефективно решение во борбата со нафрлања и несовршености и смирува сув, иритиран и скалп кој се справува со чешање. За кожа и коса, маслото од чајно дрво се користи во борбата со акни, помага во контрола на вишок себум, се бори со бактерии, спречува вошки, првут и појава на мозолки.

–    100% природно
–    Не содржи алкохол
–    Не содржи вештачки мириси
–    Вегански
–    Не содржи парабени
–    Не содржи презервативи
–    Cruelty-free

Состав: MELALEUCA ALTERNIFOLIA (TEA TREE) LEAF OIL.
Повремено нашите формули се менуваат како резултат на нашата посветеност кон иновација. Затоа, листата со состојки прикажана овде, може да се разликува од амбалажата на производот во зависност од времето и регионот на купување.

Начин на користење: Пред употреба на кожа, разредете го маслото со вода и истестирајте на мал дел од подлактицата за сензитивност во рок од 24 часа. Започнете ја употребата со нанесување на проблематичните делови на лицето секој втора вечер. Секогаш разредете со масло – носител пред нанесување со чепкалка директно на засегнатата регија на лицето.

СОВЕТИ ЗА УПОТРЕБА: Смирете иритирана кожа склона на чешање со мешање на 1-2 капки* од маслото од чајно дрво во крема за хидратација или масло – носител. Нанесете ја оваа мешавина на засегнатите регии. За мрсна кожа, помешајте 1-2 капки* со вашиот тонер пред да го нанесете. Користете како локален третман за прочистување на нафрлања. Додајте неколку капки* на шампон и други производ за коса како лек против првут. Користете како антисептик за исеченици и изгребаници.
*за секоја 1-2 капки масло од чајно дрво, додадете 12 капки вода или масло – носител.

Информации за испорака

Скопје
Испораката е бесплатна за сите нарачки над 1500 денари. За нарачки под 1500 денари, испораката се наплаќа 110 денари. Време на испорака: 2-15 дена во зависност од производот.

Останати градови во државата
Испораката се наплаќа 150 денари. Време на испорака: 2-20 дена во зависност од производот.