SkinDivision Niacinamide Booster Серум со 10% ниацинамид

СМИРУВАЊЕ • ХИДРАТАЦИЈА
НИАЦИНАМИД • ХИАЛУРОНСКА КИСЕЛИНА • ПАНТЕНОЛ

20мл

2,090.00 ден

Категории: , ,

Опис

Овој бустер со 10% ниацинамид (Б3) е полн со природни смирувачки својства кои активно делуваат на изедначување на тонот на кожата со тоа што за цел ги имаат исфрлањата и несовршеностите, црвените траги и иритираната кожа. Формулата богата со хумектанти, збогатена со ниско-молекуларна хиалуронска киселина, пантенол и алантоин, обезбедува смирувачка хидратација без лепливо чувство. Антиоксидантите и состојките кои ја надополнуваат кожата го прават овој производ must-have решение за сите типови на кожа. Одличен за употреба на лицето и нежната околуочна регија, можете да го користите самостојно или пак да го помешате со најмногу 2 додатни SkinDivision бустери за да обезбедите оптимални резултати и да создадете моќен повеќенаменски производ.

ШТО Е ОВОЈ ПРОИЗВОД?
Комплексен 10% ниацинамид бустер, помешан со природни смирувачки и супериорни хидратантни состојки.

КЛУЧНИ СОСТОЈКИ:

НИАЦИНАМИД: Биолошки активна форма на витамин Б3 која има голем број придобивки кога станува збор за производи за нега на кожа. Помага да се елиминира создавањето на темни дамки и нееднаков тон на кожата, намалува фини линии и брчки како и црвенила, иритации и сувост.
ХИАЛУРОНСКА КИСЕЛИНА: Ниско-молекуларната хиалуронска киселина пенетрира длабоко во слоевите на кожата и обезбедува долготрајна хидратација, зголемувајќи го волуменот на клетките за да го олесни затегнувачкиот и lifting ефектот.
АЛАНТОИН: Овој лек се користи за хидратација или третирање и спречување сува, груба, лушпеста кожа која се справува со чешање (на пр. осип од пелени, изгореници на кожата од терапија со радијација).
ПРОВИТАМИН Б5: Пантенолот е есенцијална состојка за убава кожа. Има природни навлажнувачки, смирувачки, заздравувачки и регенерирачки својства.

–    Не содржи алкохол
–    Не содржи мириси
–    Вегански
–    Не содржи парабени
–    Cruelty-free
–    Погоден за сите типови на кожа
–    Хипоалерген
–    Дерматолошки тестиран
–    Не-иритирачки
–    Лесна формула

СОСТАВ: WATER/AQUA/EAU, NIACINAMIDE (VITAMIN B3), SODIUM PCA, SODIUM CAPROYL/LAUROYL LACTYLATE, PANTHENOL (PROVITAMIN B3), TRIETHYL CITRATE, SODIUM HYALURONATE, PHENOXYETHANOL, ALLANTOIN, ENTHYLHEXYLGLYCERIN, XANTHAN GUM, SODIUM PHYTATE.
Повремено нашите формули се менуваат како резултат на нашата посветеност кон иновација. Затоа, листата со состојки прикажана овде, може да се разликува од амбалажата на производот во зависност од времето и регионот на купување.

КАКО ДА СЕ КОРИСТИ: Нанесете 3-4 капки директно на чисто лице. Нежно тапкајте на кожата со врвовите од прстите до целосно апсорбирање, или помешајте со вашиот серум или крема за хидратација. Овие серуми се потентни – можете да користите повеќе од еден бустер на ден, но секој од нив само еднаш дневно. Може да се нанесе на околуочната регија, избегнувајќи го самото око. Погодно и за дневна и за вечерна употреба.

Информации за испорака

Скопје
Испораката е бесплатна за сите нарачки над 1500 денари. За нарачки под 1500 денари, испораката се наплаќа 110 денари. Време на испорака: 2-15 дена во зависност од производот.

Останати градови во државата
Испораката се наплаќа 150 денари. Време на испорака: 2-20 дена во зависност од производот.