SkinDivision Perfecting Тоник за лице со “PHA“ и “BHA“ киселини

ЕКСФОЛИЈАЦИЈА • ПРОЧИСТУВАЊЕ
ГЛУКОНАЛАКТОН • САЛИЦИЛНА КИСЕЛИНА • НИАЦИНАМИД

150мл

1,530.00 ден

Категории: , ,

Опис

Ефективно продорен, но сепак доволно нежен за секојдневна употреба, овој тоник без алкохол во составот нежно ги отстранува мртвите клетки преку хемиска ексфолијација. Формулиран со неиритирачки глуконолактон (ПХА) – следната генерација на површински хемиски пилинзи – кој ја прави својата магија бавно, што е одлично за сите типови на кожа, дури и сензитивна. Формулата нежно ексфолира, измазнува мртви клетки и груба текстура, истовремено поттикнувајќи обнова на клетките и оставајќи светол, сјаен финиш на кожата. 0,5% салицилна киселина (БХА) работи на контрола на вишокот масла и помага во чистењето на порите, па брзо дава поизедначен тен. Формулата исто така содржи алантоин кој помага да се намалат иритациите поврзани со употребата на киселини; провитамин Б5 кој помага во заздравувањето и пироглутаминска киселина за подобрување на хидратацијата.

КЛУЧНИ СОСТОЈКИ:

ГЛУКОНОЛАКТОН (5%): Се смета за следна генерација на АХА киселини. Станува збор за не-иритирачка, антиоксидантна полихидрокси (ПХА) киселина која е погодна за сите типови на кожа, дури и сензитивна.
САЛИЦИЛНА КИСЕЛИНА (0,5%): Делува со разлабавување и одделување на десмозомите (приврзани помеѓу клетките во горниот дел од кожата). Ова дејство поттикнува ексфолијација на кожата и отпушување на порите.
ВОДА ОД РИМСКА КАМИЛИЦА: смирувачка, прочистувачка и адстрингентна, ги затегнува порите и совршено се адаптира на кожа склона на акни.
НИАЦИНАМИД (ВИТАМИН Б3): Овој прекрасно разновиден Б витамин носи многу површински придобивки за подобрување на изгледот на кожата, правејќи ја поизедначена, посветла и помлада.
ПРОВИТАМИН Б5: Пантенолот е есенцијална состојка за убава кожа. Има природни хидрирачки, смирувачки, заздравувачки и регенерирачки својства.

–    не содржи алкохол
–    не содржи вештачки мириси
–    вегански
–    не содржи парабени
–    Cruelty free
–    Погоден за сите типови на кожа
–    Хипоалерген
–    Дерматолошки тестиран
–    Не-иритирачки

СОСТАВ: AQUA/WATER/EAU, ANTHEMIS NOBILIS (ROMAN CHAMOMILE) FLOWER WATER*, GLUCONO DELTA LACTONE, GLYCERIN, NIACINAMIDE (VITAMIN B3), UREA, SODIUM PCA, PANTHENOL (PROVITAMIN B5), SODIUM LACTATE, SALICYLIC ACID, ALLANTOIN, HIBISCUS SABDARIFFA (HIBISCUS) FLOWER POWDER, POTASSIUM SORBATE, SODIUM BENZOATE, SODIUM HYDROXIDE, SODIUM PHYTATE.
*состојки од органско потекло сертифициранo од Ecocert Greenlife согласно стандардот COSMOS ORGANIC
Повремено нашите формули се менуваат како резултат на нашата посветеност кон иновација. Затоа, листата со состојки прикажана овде, може да се разликува од амбалажата на производот во зависност од времето и регионот на купување.

КАКО ДА СЕ КОРИСТИ: Идеално употребувајте навечер, не почесто од еднаш дневно. По чистење, намокрете вата со формулата и поминете низ целото лице. Избегнувајте ги усните, околуочната регија и контакт со очите. НЕ исплакнувајте. Искомбинирајте со вашиот омилен бустер и/или масло од SkinDivision.

 

Информации за испорака

Скопје
Испораката е бесплатна за сите нарачки над 1500 денари. За нарачки под 1500 денари, испораката се наплаќа 110 денари. Време на испорака: 2-15 дена во зависност од производот.

Останати градови во државата
Испораката се наплаќа 150 денари. Време на испорака: 2-20 дена во зависност од производот.