SkinDivision Salicylic Acid Ексдолирачка маска за лице со 2% Салицилна киселина

ЕКСФОЛИЈАЦИЈА • ТОНИРАЊЕ
САЛИЦИЛНА КИСЕЛИНА • АКТИВЕН ЈАГЛЕН • НИАЦИНАМИД

1,450.00 ден

Категорија:

Опис

Овој напреден прочистувачки третман веднаш се бори со несовршеностите на кожата и нејзините проблеми, таргетирајќи тон без сјај и погоден за кожа склона на несовршености. 2% чистата потентна салицилна киселина, инфузирана со маслинов сквалан, каолин (бела) глина, активиран растителен јаглен и ниацинамид непосредно делуваат заедно имајќи ги за цел преоптоварената кожа, запушените пори и натрупаните мртви клетки, резултирајќи со почиста кожа која има не толку забележителни пори. Структурата на слицилната киселина ја олеснува нејзината липофилност и мешање со липидите лоцирани на површината на кожата. Ова е погодна состојка за отстранување на мртви клетки од површината на мрсна и кожа склона на несовршености, со цел да открие посјајна кожа. Јагленот и глината се состојки познати по своите способности за длабинско чистење што е резултат на нивната порозност и големата површина достапна за адсорпција.

КЛУЧНИ СОСТОЈКИ:

2% САЛИЦИЛНА КИСЕЛИНА: Салицилната киселина, доколку не сте научник е БХА (бета хидрокси киселина). Генерално БХА е одлична за кожа склона на акни, но одлично делува на сите типови на кожа, бидејќи во смисла на хемиски ексфолијант е доста нежна. БХА работи со тоа што длабински навлегува и го отстранува себумот (маслото што излегува од лојните жлезди) кој ги затнува порите и допринесува во создавање на акни. Исто така делува во прочистување на бактериите и смирување на кожата.
АКТИВЕН ЈАГЛЕН: Активниот јаглен извлекува бактерии, отрови, хемикалии, нечистотии и други микро-честички на површината на кожата, помагајќи ви да постигнете беспрекорен тен и да се борите со акните.
МАСЛИНОВ СКВАЛАН: Сквалан маслото е едно од најдобрите масла кои можете да ги користите на вашата кожа. Една од причините зошто кожата го сака скваланот е бидејќи човечкото тело го произведува природно. Всушност, скваланот зазема 13% од нашиот “себум”, што ја хидрира кожата. Тој е чист, лесен и без мирис, правејќи го совршено масло за луѓе кои имаат одбивност кон масла. Одличен за сите типови на кожа (да, дури и мрсна), тој е некомедоген, брзо-апсорбирачки и може да се нанесува на речиси секој дел од телото и косата.
НИАЦИНАМИД: Биолошки активна форма на витамин Б3 која има голем број придобивки кога станува збор за производи за нега на кожа. Помага да се елиминира создавањето на темни дамки и нееднаков тон на кожата, намалува фини линии и брчки како и црвенила, иритации и сувост.
ЦИНК: Цинкот е есенцијален минерал кој му помага на телото одвнатре и однадвор. Може дури и да помогне во одржувањето на здравјето на вашиот најголем орган: кожата. Поради неговите анти-воспалителни ефекти, цинкот е особено корисен за воспалени акни и последователните белези.

–    Не содржи алкогол
–    100% не содржи мириси
–    Вегански
–    Не содржи парабени
–    Cruelty-free
–    Дерматолошки тестиран

Состав: WATER/AQUA/EAU, KAOLIN, CHARCOAL POWDER, SQUALANE (OLIVE ORIGIN), PROPANEDIOL, GLYCERIN, NIACINAMIDE (VITAMIN B3), POLYSORBATE-80, HYDROLYZED ALGIN, SALICYLIC ACID, ZINC SULFATE, UREA, XANTHAN GUM, PARFUM/FRAGRANCE (NATURAL), PHENOXYETHANOL, TOCOPHEROL (VITAMIN E), ALLANTOIN, ETHYLHEXYLGLYCERIN, SODIUM PHYTATE.
Повремено нашите формули се менуваат како резултат на нашата посветеност кон иновација. Затоа, листата со состојки прикажана овде, може да се разликува од амбалажата на производот во зависност од времето и регионот на купување.

Како се користи: Нанесете на чиста, сува кожа, избегнувајќи ги усните и околуочната регија. Оставете 10-15 минути да делува. Отстранете со топла вода или влажна крпа. Користете 1-2 пати неделно. Мало пецкање може да се почувствува за време на употреба.

 

Информации за испорака

Скопје
Испораката е бесплатна за сите нарачки над 1500 денари. За нарачки под 1500 денари, испораката се наплаќа 110 денари. Време на испорака: 2-15 дена во зависност од производот.

Останати градови во државата
Испораката се наплаќа 150 денари. Време на испорака: 2-20 дена во зависност од производот.