SkinDivision Vitamin C Booster Серум со 15% витамин Ц

ОСВЕТЛУВАЊЕ • ХИДРАТАЦИЈА
ВИТАМИН Ц • ФЕРУЛИЧНА КИСЕЛИНА •ХИАЛУРОНСКА КИСЕЛИНА

20мл

2,090.00 ден

Категории: , ,

Опис

Занесете се во овој лесен 15% чист Ц витамин бустер за помлад, посветол и поизедначен тон на кожата. Надополнета со ферулична киселина – високо-потентен антиоксидант, оваа комплексна формула помага да се намали изгледот на фини линии и брчки, и ја заштитуваат вашата кожа од слободните радикали. Хиалуронската киселина ја запечатува влажноста, додека пантенолот и бисабололот ја смируваат и исполнуваат дури и најсензитивната кожа. Гликопротеините го збогатуваат нивото на кислород, зголемувајќи го респираторниот капацитет на клетките и нивното ниво на енергија за младешки и измазнет изглед и чувство.

КЛУЧНИ СОСТОЈКИ:

ВИТАМИН Ц: исто така познат како: аскорбинска киселина. Овој високо-потентен витамин кој лесно се апсорбира во кожата обезбедува особено ефективна анитоксидантна заштита и смирува штета предизвикана од слободни радикали. Витамините помагаат да се ревитализира и обнови текстурата на кожата и тонот, поттикнувајќи создавање на колаген и ограничувајќи меланинска пигментација. Витаминот Ц ја остава кожата освежена и балансирана, со сјаен изглед.
ФЕРУЛИЧНА КИСЕЛИНА: Природно ја има во листовите и семките од многу растенија. Феруличната киселина е неверојатно потентен антиоксидант и, кога се нанесува површински ги неутрализира штетните слободни радикали. Дополнително, докажано е дека делува синергетски со други антиоксиданти како витамин Е, со што ги зајакнува и продолжува нивните фотозаштитни својства.
ХИАЛУРОНСКА КИСЕЛИНА: Ниско-молекуларната хиалуронска киселина пенетрира длабоко во слоевите на кожата и обезбедува долготрајна хидратација, зголемувајќи го волуменот на клетките за да го олесни затегнувачкиот и lifting ефектот.
ГЛИКОПРОТЕИНИ: Ревитализирачки, ерегирзирачки и хидрирачки агенс за производи за нега на кожа. Студиите покажуваат дека гликопротеините го зголемуваат нивото на кислород, зголемувајќи го респираторниот капацитет на клетките и нивното енергетско ниво, зголемувајќи го создавањето на аденозин трифосфат кој е богат со енергија.

–    Не содржи алкохол
–    Не содржи мириси
–    Не содржи парабени
–    Вегански
–    Cruelty-free
–    Погоден за сите типови на кожа
–    Хипоалергенски
–    Дерматолошки тестиран
–    Не-иритирачки
–    Не-комедоген
–    Лесна формула

СОСТАВ: WATER/AQUA/EAU, ASCORBIC ACID (VITAMIN C), PROPADEDIOL, GLYCERIN, PROPYLENE GLYCOL, GLYCOPROTEINS, PANTHENOL (PROVITAMIN B5), SODIUM HYALURONATE, BISABOLOL, FERULIC ACID, PHENOXYETHANOL, XANTHAN GUM, ETHYLHEXYLGLYCERIN, SODIUM PHYTATE.
Повремено нашите формули се менуваат како резултат на нашата посветеност кон иновација. Затоа, листата со состојки прикажана овде, може да се разликува од амбалажата на производот во зависност од времето и регионот на купување.

КАКО ДА СЕ КОРИСТИ: Нанесете 3-4 капки директно на чисто лице. Нежно тапкајте на кожата со врвовите од прстите до целосно апсорбирање, или помешајте со вашиот серум или крема за хидратација. Овие серуми се потентни – можете да користите повеќе од еден бустер на ден, но секој од нив само еднаш дневно. Може да се нанесе на околуочната регија, избегнувајќи го самото око. Идеално се препорачува употреба наутро.

Информации за испорака

Скопје
Испораката е бесплатна за сите нарачки над 1500 денари. За нарачки под 1500 денари, испораката се наплаќа 110 денари. Време на испорака: 2-15 дена во зависност од производот.

Останати градови во државата
Испораката се наплаќа 150 денари. Време на испорака: 2-20 дена во зависност од производот.