Стравот

  • Автор: Коста Петров
  • Издавачка куќа: ТРИ
  • ИСБН: 978-608-230-168-6
  • Година на издавање: 2013
  • Број на страни: 179
  • Димензии: 125/195
  • Корица: мека
  • Јазик: МК

299.00 ден

SKU: 9786082301686 Категории: ,

Опис

Во својата прва книга, „Се гледаме на врвот“Коста Петров ги открива своите тајни на успехот, каде стравот како тема е само начнат како една од препреките на тој пат. Затоа беше сосема природно оваа чудовиштна и неоснована емоција, што претставува пречка во секојдневното себереализирање, да добие свое четиво. „Стравот“ е повеќе од книга,тоа е повик за будење и повик на битка со нашиот најголем непријател, нашето его и неговата најмоќна алатка – Стравот.

Низ несебичното споделување на личните искуства, мисли и чувства, Коста Петров храбро нè води низ нашата психолошка битка, битката која секој од нас треба да ја добие за да може да го живее сето она што Универзумот го подготвил за него. Со својот јасен, сликовит и енергичен јазик, поткрепен со активизам, тој  го поттикнува читателот на решителност и на храбро делување.

 

РАЗБУДИ СЕ! Еден ден, кога веќе нема да бидеш на оваа земја и кога ќе треба да се сретнеш со творецот, тој нема да те праша зошто не живееше како мене, или зошто не живееше како Мојсеј или како Робин Шарма. Тој ќе те праша: „Зошто не го живееше животот што требаше да го живееш?”. Токму поради ова твоја морална одговорност е да го победиш стравот! Подготвен?”

Информации за испорака

Скопје
Испораката е бесплатна за сите нарачки над 4000 денари. За нарачки под 4000 денари, испораката се наплаќа 150 денари.
Време на испорака: 2-15 дена во зависност од производот.

Останати градови во државата
Испораката се наплаќа 150 денари. Време на испорака: 2-20 дена во зависност од производот.