sVcare CALM Балсам за после бричење

900.00 ден

SKU: 1338 Категории: ,

Опис

Овој балсам за после бричење е погоден дури и за најосетливата кожа на лице.
Природните состојки како што се шеа путер, какао путер, кокосово масло, пчелин восок, масла од јојоба, бадем, арган, авокадо, конопово, рицинусово, сусамово, сончогледово и маслиново, во овој производ ќе овозможат вашата кожа на лице да остане хидрирана, мека и мазна.
CALM балсамот постигнува олеснување веднаш по бричењето и го комплетира целиот ритуал. Формулиран без алкохол, ја освежува и оживува кожата, има омекнувачко и смирувачко дејство.
Балсамот со својата кремаста структура е идеален за смирување на кожата од иритации и исекотини по бричењето.
Чистите есенцијални масла од лаванда, чајно дрво и иланг иланг се познати по тоа што имаат антифугални и антиинфламаторни својства, помагаат во чистење на кожата и намалување на црвенилото и иритацијата.

Како се користи:
Нанесете на лицето по бричење, нежно масирајте за да ја олесните апсорпцијата.
Да се чува на суво и темно место.

Информации за испорака

Скопје
Испораката е бесплатна за сите нарачки над 4000 денари. За нарачки под 4000 денари, испораката се наплаќа 150 денари.
Време на испорака: 2-15 дена во зависност од производот.

Останати градови во државата
Испораката се наплаќа 150 денари. Време на испорака: 2-20 дена во зависност од производот.