sVcare CALM крема за бричење

900.00 ден

SKU: 1337 Категории: ,

Опис

Оваа крема за бричење е погодна дури и за најосетливата кожа на лице.
Природните состојки како што се шеа путер, какао путер, кокосово масло, масла од јојоба, бадем, арган, авокадо, рицинусово, сусамово, сончогледово и маслиново, природна сапунска база, во овој производ ќе овозможат вашата кожа на лице да остане хидрирана, мека и мазна. Кремата ја штити кожата од иритации и исекотини. Нанесувањето на кремата за бричење, прави убав спој на кожата и влакното и со самото тоа, го омекнува влакното и го подобрува лизгањето на жилетот со тоа што се постигнува совршено бричење.
Чистите есенцијални масла од лаванда, чајно дрво и иланг иланг се познати по тоа што имаат антифугални и антиинфламаторни својства, помагаат во чистење на кожата и намалување на црвенилото и иритацијата.

Како се користи:
Доколку имате многу остра и јака брада, пред бриччење пожелно е да го измиете лицето со топла вода. На тој начин влакното дополнително омекнува и бричењето е многу полесно. На малку влажно лице земете од кремата со суви раце (кремата не се користи додека се туширате) и намачкајте на лицето така што влакното да биде покриено со крема. Потоа почнете со бричење.
По бричењето нанесете CALM балсам за после бричење или пак CALM масло за после бричење.

Информации за испорака

Скопје
Испораката е бесплатна за сите нарачки над 1500 денари. За нарачки под 1500 денари, испораката се наплаќа 110 денари. Време на испорака: 2-15 дена во зависност од производот.

Останати градови во државата
Испораката се наплаќа 150 денари. Време на испорака: 2-20 дена во зависност од производот.