Tava Емајлирано тенџере 3.3L

Со TAVA, вашите семејни ручеци денес стануваат спомени што ќе се раскажуваат утре – наследство што ја поврзува традицијата и љубовта кон готвењето.

4,160.00 ден

Категории ,

Опис

Ако барате практично и издржливо тенџере за секојдневна употреба кое ќе трае со години емајлираното тенџере Tava од 3.3 литри е вистинскиот избор за готвачи кои сакаат висок квалитет по пристапна цена. Со истите карактеристики како познатиот бренд Lodge, ова тенџере ви нуди врвни перформанси во кујната за многу пристапна цена.

  • Капацитет: 3.3 литри
  • Материјал: Емајлирано леано железо
  • Тежина: 3,6 kg
  • Универзална употреба: во рерна (до 250°C), на сите видови шпорети вклучувајќи и индукција, како и за маринирање, чување храна и сервирање
  • Одлично задржување на топлина и рамномерно загревање

❌ Не се препорачува употреба на отворен оган или директно на жар, бидејќи емајлот може да се оштети.

❌ Избегнувајте термален шок (нагли промени на температура)

❌ Не се пере во машина за садови (препорачливо е рачно миење и сушење)

Овој сад за готвење е одличен избор за оние што сакаат комбинација од капацитет, издржливост и елегантен дизајн. Совршен е за семејни оброци, супи, печење месо и леб, подготовка на десерти.

Изработен е од гусано железо со висококвалитетен емајлиран слој кој обезбедува долготрајност, рамномерна топлинска распределба и мазна површина што не реагира со храната.

За одржување, доволно е лесно миење со рака – не е потребен “seasoning” т.е. зачинување како кај класичните  садови од леано железо.  Емајлот овозможува лесно чистење и не впива вкусови или мириси.

⚠️ Важно за ракување со температура

За да се заштити емајлот од пукање поради термален шок:

  • Избегнувајте нагли промени на температура (на пр. ставање ладна течност во врел сад или врела течност во ладен сад)
  • Оставете садот постепено да се олади пред миење.
  • Не го загревајте садот празен на рингла и не гответе на висока температура
Совети за користење и одржување

За да го задржите квалитетот на вашето емајлирано тенџере Tava што подолго:

  1. Користете дрвен или силиконски прибор за да ја заштитите емајлираната површина.
  2. Избегнувајте абразивни средства и груби жици за чистење – миењето треба да биде рачно со сунѓер.
  3. Складирајте го суво за да остане како ново со години.