URMA CRYO Ролер и Гуа Ша

Здив на смиреност во твојот напорен ден.

2,000.00 ден

Нема на залиха

Опис

Започни ја твојата утринска skincare рутина со сетот за лице од ролер и гуа-ша од нерѓосувачки челик. Дизајнирани од природен матерјал, овие алатки ќе и дадат моментален сјај на твојата кожа. Ролерот и гуа ша-та се секогаш ладни на допир, имаат смирувачко дејство на кожата и го намалуваат отокот на лицето. Овој сет е помалку склон кон кршење и е соврешен да го земеш со себе на патување. Исто така, поради матерјалот е многу лесен за чистење и дезинфекција, па е совршен за користење доколку си склон/а на акни бидејќи можеш добро да го исчистиш за да не ги распрскува бактериите низ лицето.

Како да го користиш сетот од нерѓосувачки челик:

На претходно добро исчистено лице, нанеси масло за лице или омилениот серум за да го подобриш лизгањето на алатките низ лицето и да ја нахраниш кожата. Ние сакаме да ги користиме овие алатки со нашето масло за лице, URMAxPuraPerla, направено специјално за да се користи со нашите алатки за убавина. Купи го маслото тука.

За ролерот :

  • Почни нежно да се тркалаш во пределот на вратот
  • Движи го ролерот нагоре кон линијата на вилицата и образите до линијата на косата
  • Користи го помалиот дел од ролерот за околу пределот околу очите. Во оваа регија мораш да масираш внимателно и нежно.
  • Повтори ги истите движења и на дргуата страна на лицето
  • Практикувај ја оваа масажа секој ден 5-10 минути
  • За да го исчистиш ролерот, користи само нежен сапун и вода и избриши го темелно

За Гуа ша-та:

  • Држи ја гуа ша-та рамно на лицето и започни со челото. Движење нагоре од веѓите до линијата на косата.
  •  Движ се до линијата на вилицата и користи ги двата завршетоци на гуа ша-та. Почни од брадата кон увото. Нежно масирај со гуа ша за да се ослободиш о напнатоста.
  • За пределот под очите, многу нежно движи со алатката од внатрешниот агол на окото кон надвор до слепоочницата. Во оваа регија мораш да масираш внимателно и нежно.

 

Информации за испорака

Скопје
Испораката е бесплатна за сите нарачки над 4000 денари. За нарачки под 4000 денари, испораката се наплаќа 150 денари.
Време на испорака: 2-15 дена во зависност од производот.

Останати градови во државата
Испораката се наплаќа 150 денари. Време на испорака: 2-20 дена во зависност од производот.