URMA KIDS Бамбусово тањирче

Супер слатко зајаче со голем уши

1,200.00 ден

Опис

Зајчињата се мали слатки рунтави животни со големи уши и големи предни заби. Кога не грицкаат моркови, може да ги видите како тркалаат крцкава зелка 😊

Твојот #toddler ќе обожава да грицка зеленчук од нашето бамбусово тањирче во облик на зајче! Големите уши на зајчето се всушност посебни прегради во кои може да ја сервираш храната оделно, односно да ги оделиш солената од благата храна, течната храна од цврстата и десертите од главното јадење.

Ова зајче не може лесно да “избега” од масата за јадење бидејќи има силиконско лепливо дно кое лесно се лепи на површината. Дури ни најупорните мали рачиња нема да успеат да го одлепат тањирчето. *За подобар вакум можеш да додадеш неколку капки вода под тањирчето.

Тањирчето е направено од 100% природен бамбус. Бамбусот е одржлив и биоразградлив матерјал па кога го користиш ова тањирче не мораш да се грижиш дека во храната на најмалите има активни микроби и бактерии. Плус, допринесуваш во грижата за животната средина.

Димензии 14х22cm Дијаметар на силикон 14cm

5 Бои

Тањирчето најдобро се лепи на мазни површини. На дрвени или текстурирани површини вшмукувањето може да биде намалено.

Сет од тањирче и лажичка.

Информации за испорака

Скопје
Испораката е бесплатна за сите нарачки над 4000 денари. За нарачки под 4000 денари, испораката се наплаќа 150 денари.
Време на испорака: 2-15 дена во зависност од производот.

Останати градови во државата
Испораката се наплаќа 150 денари. Време на испорака: 2-20 дена во зависност од производот.