YOVA Бисера – Црвена Чанта

24,900.00 ден

Категории , ,

Опис

Рачно изработена ташна од вискозна рафија, украсена со рачно хеклани цветни апликации и автентични охридски бисери. Бисера е дизајнирана како компактна, но впечатлива чанта која комбинира традиционална изработка со современ изглед.

Во секоја Бисера чанта се интегрирани 29 автентични охридски бисери од семејството Талеви, изработени во повеќе нијанси развиени специјално за YOVA. Бисерите се рачно вградени во хекланите цветни елементи, создавајќи уникатна текстура и препознатлив изглед.

Чантата може да се носи во дијамантска форма или како мала рачна чантичка, што ја прави погодна и за дневни и за вечерни комбинации како и за спцијални настани и свадби. Достапна во 10 бои.

Произведено во Македонија

Забелешка

Оваа ташна од вискозна рафија е рачно изработена од искусни занаетчии во нашата работилница во Македонија. Секој производ е уникатен и може да има мали неправилности поради природниот карактер на материјалите и рачната изработка, што не треба да се смета за недостаток. Димензиите може да варираат до 1 см од наведените мерки.

Материјали

Развојот на овие материјали не вклучува страдање на животни.

FSC-сертифицирана вискозна рафија Pontova® – произведена во Италија
Рафијата е одржлив, растителен материјал. Таа е биоразградлива и рециклирачка, а кај нашите производи може и повторно да се пренамени (upcycled).

Веганска кожа Vegea – произведена во Италија
Одржлива веганска алтернатива на кожата, добиена од комина – отпад од грозје.

Охридски бисери со сертификат од семејството Талеви

Магнетно затворање

Детали

Рачно хеклани цветни апликации (15 уникатни цветови)
Автентични охридски бисери
Рачка од рачно хеклани цветчиња со бисери
Внатрешност обложена со веганска кожа Vegea со втиснато YOVA лого
NFC чип со дигитален пасош (Authentica) интегриран во чантата
Скриено магнетно затворање
Може да се носи во две форми:
– како дијамантска чанта
– како мала рачна чантичка
Достапна во 10 бои: Црвена, Бордо, Крем (природна рафија), Слонова коска, Чоколадно кафеава, Бледо розова, Жалфија зелена, Лаванда, Црна, Тегет

Димензии

Clutch/ рачна чанта: 35 × 17 cm
Дијамантска форма: 17 × 33 cm

Нега

Течности, влага и директна сончева светлина можат да го оштетат материјалот. Заштитете ја ташната од директна светлина, топлина и дожд. Доколку се навлажни, веднаш исушете ја со мека крпа.

За да ја задржи формата и да се апсорбира влагата, наполнете ја со хартија и чувајте ја во приложената заштитна торбичка кога не се користи.

Не носете тешки предмети кои можат да ја нарушат формата на ташната.

Чистете со мека, сува крпа.

За дополнителни информации, ве молиме контактирајте ја нашата корисничка поддршка.