ZUNICA Подлога МАКСИ
МАКСИ !
2,500.00 ден
Опис
ЅУНИЦА е бренд основан од две девојки, Маја и Моника. Маја и Моника решиле да ја основаат ЅУНИЦА и да направат современи повеќенаменски и практични еко подлоги со кои ќе ни го разубават и олеснат нашето секојдневние. Подлогите се изработени од 100% веганска кожа од термопластичен полиуртеан, кој како матерјал ги има сите придобивки што сакаме да ги има една бебешка подлога. Самиот матерјал е мек и издржлив и е прилично безбеден и ослободен од токсични својства.
МАКСИ е подлога чија примарна цел е – за дружби. Замислета си шаторско крило но многу попрактично, компактно, лесно за одржување и секако убаво. Оваа подлога за брзо ќе ви стане омиленото место за собирање и активности.
Се користи и како :
- подлога за на пикник
- подлога за детски активноси и дружба
- подлога за на песок, за на плажа
- подлога за под шатор за кампување
- прекривка за маса
Подлогата е двострана а дебелината е околу 2мм. Лесно се пакува и ja собира во торба за да може да се транспортира на различни локации и со нea да доживееш многу авантури 🙂
МАКСИ е достапна во 5 бои и нејзината димензија е 140х140 cm.
Начин на одржување:
- Слободно можете да ја намокриш подлогата
- Ослободи ја од згужваност со поставување на подлогата на рамно и на Сонце или во сушара 3-5 мин на средна топлина
- Не ја оставај подлогата влажна
- Убаво исуши ја пред да ја здиплиш
- Не кориси пегла за да ја израмниш подлогата
- Бриши со сува или мокра крпа
- Користи влажни марамици за бебиња
- Употребувај средство за чистење на нежни површини
- Не ја пери подлогата во машина
- Не ја чисти со правосмукалка
- Не користете средство со големо количество на хемикалии
Информации за испорака
Скопје
Испораката е бесплатна за сите нарачки над 4000 денари. За нарачки под 4000 денари, испораката се наплаќа 150 денари.
Време на испорака: 2-15 дена во зависност од производот.
Останати градови во државата
Испораката се наплаќа 150 денари. Време на испорака: 2-20 дена во зависност од производот.