ZUNICA SUMMER Подлога МАКСИ

МАКСИ во летна варијанта.

2,500.00 ден

Исчисти

Опис

ЅУНИЦА е бренд основан од две девојки, Маја и Моника. Маја и Моника решиле да ја основаат ЅУНИЦА и да направат современи повеќенаменски и практични еко подлоги со кои ќе ни го разубават и олеснат нашето секојдневние. Подлогите се изработени од 100% веганска кожа, кој како матерјал ги има сите придобивки што сакаме да ги има една подлога. Самиот матерјал е мек и издржлив и е прилично безбеден и ослободен од токсични својства.

МАКСИ е подлога чија примарна цел е – за дружби. Замислета си шаторско крило но многу попрактично, компактно, лесно за одржување и секако убаво. Оваа подлога за брзо ќе ви стане омиленото место за собирање и активности.

Се користи и како :

  • подлога за на пикник
  • подлога за детски активноси и дружба
  • подлога за на песок, за на плажа
  • подлога за под шатор за кампување
  • прекривка за маса

Подлогата е двострана а дебелината е околу 2мм. Лесно се пакува и ja собира во торба за да може да се транспортира на различни локации и со нea да доживееш многу авантури 🙂

МАКСИ SUMMER е достапна во 2 бои МОРЕ/ПЕСОК и СОНЦЕ/ПЕСОК и нејзината димензија е 140х140 cm.

Начин на одржување:

  • Слободно можеш да ја намокриш подлогата
  • Ослободи ја од згужваност со поставување на подлогата на рамно и на Сонце или во сушара 3-5 мин на средна топлина
  • Не ја оставај подлогата влажна
  • Убаво исуши ја пред да ја здиплиш
  • Не кориси пегла за да ја израмниш подлогата
  • Бриши со сува или мокра крпа
  • Користи влажни марамици за бебиња
  • Употребувај средство за чистење на нежни површини
  • Не ја пери подлогата во машина
  • Не ја чисти со правосмукалка
  • Не користете средство со големо количество на хемикалии

Информации за испорака

Скопје
Испораката е бесплатна за сите нарачки над 1500 денари. За нарачки под 1500 денари, испораката се наплаќа 110 денари. Време на испорака: 2-15 дена во зависност од производот.

Останати градови во државата
Испораката се наплаќа 150 денари. Време на испорака: 2-20 дена во зависност од производот.