MIRJANA JOSIFOSKA Sophia Шапка

2,190.00 ден

SKU: Недостапно Категории: , , , , ,

Опис

Опис:
Шапка со екстра издолжена стреа, инспирирана
од Софија Лорен. Изработена од 100% лен и
украсена со штепови со конец од свила. Достапна
во крем боја.
Големина:
• 56, 58 и 60 цм
Детали и одржување:
• 100% лен
• Хемиско или перење на рака
• Дизајнирано и произведено во Македонија

Мирјана Јосифовска е модна дизајнерка препознаена по својот бренд на уникатно и рачно создадени шапки, со употреба на занаетчиски техники. Овие модни додатоци се одржливо дизајнирани и етички произведени во Македонија, создадени од материјали од природно потекло или рециклиран текстилен материјал.

Инспирацијата за колекцијата доаѓа од прекрасните полиња со лаванда во
Тиквешкиот регион од нашата земја. Колекција на модни додатоци вклучува: шапки,
свилени стегачи за коса и марами. Материјали употребени во колекцијата се: лен,
свила, памук и вискоза. Како бренд кој се стреми да работи одржливо, сите модни
додатоци се декорирани со штепови со конци од: свила, памук и вискоза, кои се
поеколошки од полиестерските конци.

Информации за испорака

Скопје
Испораката е бесплатна за сите нарачки над 4000 денари. За нарачки под 4000 денари, испораката се наплаќа 150 денари.
Време на испорака: 2-15 дена во зависност од производот.

Останати градови во државата
Испораката се наплаќа 150 денари. Време на испорака: 2-20 дена во зависност од производот.