За нас

Здраво! Драго ни е што си тука 😊

URMA-та ја „посадивме“ водени по интуицијата од секојдневниот такт на животот. Меѓусебните преписки и разговори за тоа што правиме, користиме, учиме, купуваме, мирисаме, гледаме, носиме, подаруваме, на што се восхитуваме, што нè забавува, ни помага, не сме го пробале, а ни го препорачале, ни се допаѓа и го поддржуваме, нè инспирираа да сфатиме што точно сакаме да правиме, на што да се посветиме и како да ја „растеме“ URMA-та.

Во нашата концептуална продавница ќе можеш да најдеш внимателно избрани производи од наши локални креативци, кои своите идеи ги реализираат со голема љубов, посветеност и истрајност, креирајќи ги своите брендови и раскажувајќи ја својата приказна преку нив. Меѓу нив ќе бидат достапни и производи од докажани домашни и странски брендови кои се веќе добро познати за тебе, изработени со посебен фокус на квалитетот, дизајнот и корисната намена.

Во URMA сè е насочено кон наоѓање на интересни содржини, дизајни и креации и нивно доближување до тебе. Тука ќе најдеш ептен добар избор на производи од наши локалци, до оние на другиот дел на светот, од познати брендови, до не-толку-познати, од минималистички замисли, до максималистички идеи.

Искрено посакуваме да создадеме модерен lifestyle бренд со кој ќе се дружат оние кои ќе ја препознаат нашата идеја и ќе се пронајдат во целиот овој концепт.

Останете свои,
Анастасија и Александра